Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни.
1.Што ќе им препорачаш на твоите дома?
Јас на моите дома би им препорачал да ми даваат повеќе да се возам со моторот
<!– Да бе па да се разболеш и да не идеш на академија–>
2. Кај се гледаш себе си за 10 години?
На кафе со другарите и сега и за 10 години од сега
<!–амбициозно–>


3.Ако се вратиш назад во времето, што ќе му кажеш на помалиот ти?
Да биде поодлучен за да биде поуспешен во иднина
<!–Да бидеш поодлучен какво кафе ќе пиеш со другарите?–>
4.Ако ти дадеме 1 милион за бизнис, каков бизнис ќе направиш?
Ќе си ги вложам парите во бизнис со злато
<!–Море ти си злато!–>
5.Што е најголемата глупост што ја имаш направено?
Имам истурено кафе врз лаптопот…Упс
<!– Програмерски живот што очекуваш–>
6. Заглавуваш на пуст остров, можеш да бираш еден другар и еден предмет?
Би го викнал првиот другар што ќе се согласи на оваа идеја (иако никој не е авантурист) и би земал еден лаптоп за да не ги заборавам кодовите од JavaScript
<!–Вода мајсторе. Вода!–>
7.Кој ти е прв изговoр кога касниш на час?
Професоре си ги врзував врвките
<!– A да им препорачаш на твоите да ти купат со лепенки???–>


8. Ако твојот ментор беше некој карактер од цртан филм кој ќе беше?
-Pink Panther
<!–Некој ќе лета од чаас!–>
9. Која песна би ја слушал до крајот на животот додека програмираш/дизајнираш?
Ритамот на ужичко коло
10.Ако можеш да живееш во било кој филм кој ќе беше тоа?
Karate kid
Други статии:
Јулијана ќе прави чуда! Или барем ќе се обиде…Ама најважно е да се проба. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да им го кажат рецептот за вакво амбициозно д... 18 Apr.
Паметна, практична и спремна за пуст остров – со брод! 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ме слушаат секогаш како и до сега што сум правела и учела. ... 11 Apr.
Со еден баскет на пуст остров и Том како ментор – животот е доволно луд да не треба филм. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ми купат мотор. 2. ... 07 Apr.