Леонтина, 17 години. Професионален дизајнер

Сѐ она што го научив на Академијата за графички дизајн, е всушност мојата сегашна работа. 

Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. 

И направивме кафе, ја фативме за уво и ја седнавме да ни каже како и оди во животот.

1.   Каааајјј си Леонтина ?!

Еве ме во канцеларија кај вас 🙂 

2. Доаѓаше во Skill Up на Академија три години по ред. Од што мака ? 

Еј најискрено мама ме натера! – хаха … Нејзина идеја беше да бидам програмер, се запишав за да биде таа среќна, а со текот на времето сфатив дека јас никаде на друго место не сум била посреќна и си се пронајдов баш таму! Ден денес ми фалат луѓето и сум си приврзана за местенцето.

3. Имаш ли некои убави спомени од нас?

Убави спомени имам еден куп! Ќе ги издвојам сега само моментите со екипата од советот на студенти со кои супер си поминавме во и надвор од академијата.

4.   Што правиш сега во животот ?

Моментално имам луксуз да уживам! Не правам ништо поразлично од другите средношколци… Си учам, работам, се дружам и не запирам со амбициите – си бркам соништа! 

Ама и работам за Американска компанија. Работиме на апликација која сега за сега ќе биде пуштена само во Америка и Канада. Не смеам повеќе да кажам 🙂 Но ќе додадам дека сѐ она што го научив на Академијата за графички дизајн, е всушност мојата сегашна работа. 

5.   Дали Академијата ти помогна некако во животот ?

Академијата ми помогна многу, во она што го работам сега особено многу ми е од помош сѐ што учевме со програмите. Стекнав важни вештини и знаења кои сега се потпора и ми даваат голем напредок во мојата работа. Отсекогаш сум имала око за дизајн и сѐ што би го привлекло човечкото око, а во skillup го надоградив тој талент.

6.   Што сакаш да им препорачаш на оние кои те читаат ?

Да ни се придружат на Академијата бидејќи е вистинско место за откритие и раст. Покрај целокупното знаење што ќе го стекнете, ќе изградите пријателства и спомени за цел живот!

7.   Што ќе ни кажеш нас ?

Дечки фала што ни давате простор да растеме и учиме, стварно сте најдобри :))

yellow circle