Задржувањето на вниманието на учениците подолго од 5 минути може да биде предизвикувачки, но постојат неколку стратегии кои може да помогнат како што се: креирањето интересни лекции, интерактивни училници, инклузивното учење, со интерактивни алатки, апликации и едукативни игри.
Што има ново
За да го задржиме вниманието на децата подолго од 5 минути, есенцијално е материјата да им се предаде на што е можно посликовит начин. Важно е да ги воведеме во светот на програмирањето преку игри со кратки паузи и практични задачи, кои ќе треба да ги извршуваат сами со цел да ги мотивираме да бидат активни и фокусирани.
Информатичките вештини се есенцијални за интегрирање и поттикнување на младите да напредуваат во денешниот динамичен свет, поттикнувајќи критичко размислување, тимска работа и иновативност.
Во суштина, програмирањето е поттик на креативниот процес кај децата, особено кога ќе сфатат дека создаваат нешто од ништо. Ги поттикнува истовремено да ја користат својата имагинација, своите вештини и способности.
Неколку практични причини зошто програмирањето не може да се научи со 3-месечен курс за програмирање
За skillup академијата за програмирање во Велес за првпат слушнав од мои соученици кои подолго време биле дел од академијата. Имав желба, се распрашав пошироко, звучеше интересно, па реков зошто да не?!
Можам да кажам дека воопшто не е тешко, само има некои делови каде што треба да посветиме повеќе внимание, но тука е нашиот ментор Влатче за да ни помогне.
Многу е убаво! Оваа година ми беше прва година на академија и учев Scratch, односно како да правиме игри, анимации и приказни со готови кодови.
Секој од студентите имаше задача за крај на академијата да направи проект така што ке искористиме сѐ што научивме годинава. Јас направив проект за мојот омилен бренд Nike. Го правев една недела и ми беше многу интересно и забавно и мислам дека на крајот убаво испадна.