Дали вреди да учиш C# во 2021?

Да, да научиш C# во 2021 вреди 100%. Доколку сакаш да градиш веб и десктоп апликации кои лесно би се поврзале со Backend Microsoft технологии, тогаш дефинитивно ќе сакаш да го научиш програмскиот јазик C#, кој е вклучен во back-end академијата. Секако, нема да заборавиме и на Game Development, каде C# е исклучително влијателен. .

Доколку се опремиш со C#, ти се отвораат можности за работа во големи корпорации. Самиот тој факт го засилува целовкупниот мотив за учење на овој програмски јазик.
Од друга страна пак, доколку во одреден дел од кариерата дојде момент во кој треба да промениш насока во програмирањето, учењето на нов програмски јазик како на пример Java, Python, Javascript, Ruby ќе ти биде доста лесно, благодарение на претходно научениот C#.

Доколку научиш C#, си научил најмалку 75% од претходно наведените програмски јазици.

C# во веб програмирањето

Ако пак се одлучиш да го користиш C# за веб апликации, постои framework кој се вика ASP.NET, и под истиот има голем број алатки кои ќе ти го олеснуваат процесот на софтверска изградба.

Работењето на големи софтверски системи во бизнис полето, најчесто бара знаење на C# поради брзината и маркетот. Алатките кои ги нуди ASP.NET го олеснуваат креирањето на брз, сигурен и флексибилен софтвер. Комбинацијата од алатките, самиот јазик и продуктивноста, прави огромен број компании да ги користат C# и ASP.NET за креирање апликации. Поради тоа има висока потреба од овој програмски јазик. Доколку сакаш да ја искористиш шансата за тие можности, добро е да ги научиш C# и ASP.NET оваа година. Со тоа што Microsoft ги бутка технологиите се повеќе во бизнис сферата, бројот на компании кои ќе користат C# и ASP.NET само ќе расте.

Друга фасцининанта тема поврзана со C# во веб програмирањето е Blazor. Најголемото име во WebAssembly моментално е Blazor. Работите кои можеш да ги изградиш со него се едноставно неограничени. Microsoft го поставува Blazor понапред од MVC и Razor Pages затоа што чувствуваат дека тоа е иднината на веб програмирање. Доколку веќе работиш како програмер, дефинитивно држи око на Blazor.

C# во мобилното програмирање

Да позборуваме малку и за Cross-Platform Mobile Development. Кој не би сакал една иста код база за Android и iOS? Microsoft го постигнува тоа со Xamarin. Xamarin дозволува да градиш UIs кои функционираат низ повеќе платформи. Погоди кој програмски јазик се користи за работа со Xamarin? Точно, повторно C#.

C# во desktop програмирање

Кога зборуваме за C# мораме да го споменеме и Desktop Development. C# е граѓанин од прва класа во Desktop Development, затоа што главната цел на Desktop Development е Windows, а добра знаеме од кого е изграден истиот. Доколку одлучиш да градиш Windows апликации, најпаметен избор е C#. Не значи дека други јазици не можат да послужат за градење на Windows апликации, но C# ќе биде најдобрата опција за твојата изградба на Windows апликации. Еве што е привлечно во врска со тоа. Со .NET 5 ќе ти биде овозможено да ги поставиш Windows апликациите и на MacOS, со помош на претходно споменатиот Xamarin. Тоа значи дека можеме секаде лесно да градиме Cross-Platform апликации.

Сигурно некој ќе се запраша и за Linux. Има алатки како Electron кои ни дозволуваат да користиме C# таму, но тоа не е официјално поддржано од Microsoft.

Кои други работи можеме да ги изградиме со C#?

Со C# можеме да градиме нешта како Microservices кои користат ASP.NET и Web API, Embedded Software и Machine Learning, и сите се широко поддржани од Microsoft. Во главно, C# те покрива во секоја денешна сфера на Software Development, и нешто на кое што дефинитвно вреди да му посветиш внимание во 2021, посебно доколку сакаш да влезеш во светот на програмирањето. Но, дури и доколку си ветеран треба да погледнеш кон C# и што Microsoft има да понуди, затоа што навистина ја водат технологијата напред и има многу професионални алатки слободни за користење. Затоа 2021 е вистинско време да започнеш со C#.

Ви благодариме за одвоеното време, и доколку бевте привлечени од C#, ASP.NET и другите технологии на Microsoft, слободно разгледаjте ја нашата програма за Backend програмирање, како и Fullstack програмата, каде веќе трета година успешно ги подготвуваме нашите студенти за работа со овие технологии.

Се читаме на некој следен блог пост. Поздрав и останете со добро!

yellow circle