Зошто баш SEO?
Ова е прашање што го слушнале сите дигитални маркетери внатре и надвор од нивната фирма или маркетинг агенција. Search Engine Optimization или SEO постои веќе околу 15 години, а денес го сочинува поголемиот обрт на веб сообраќај кај успешните веб страни.
Што е SEO?
Во кратки црти, SEO претставува низа на практики и активности кои имаат за цел да привлечат што повеќе посетители на еден вебсајт, преку зголемување на видливоста на сајтот при пребарувања на Google или останатите пребарувачи. Најновите истражувања покажуват дека органското пребарување има најголем удел во интернет сообраќајот за повеќете сектори и е најбитен извор на сообраќај кога се во прашање продажбата и приходите. Органското пребарување го надминува растот на другите канали. SEO и SEM (Search Engine Marketing) модулите го издоминираа веб сообраќајот во 2019. Оптимизирањето на веб страните според SEO стандардите е уште поважно во 2020, затоа што трендот на органско пребарување на интернет пребарувачите продолжува да расте повеќе од било кој друг извор на веб сообраќај.
Кои се главните елементи на SEO оптимизацијата?
Keywords – помина периодот во кој само клучните зборови беа релевантни за SEO стратегијата, но тоа не значи дека сеуште не се важни. Разликата е што денес клучните зборови треба да бидат добро истражени, одбрани и искористени во вашата содржина за да бидат ефективни.
Содржина – важен дел од SEO стратегијата, затоа што е водилка што те движи да допреш до повеќе луѓе и да предизвикаш интеракција. Денешната содржина мора да биде едукативна, но и интересна, релевантна за да ги поттикне луѓето што ја читаат да ја споделат. Содржината доаѓа во најразлични форми, и тоа:
- Веб страници
- Видеа
- Блог
- Инфографици
- Подкасти
- Е-Книги
- Социјални медиуми
Off-Page SEO – вклучува надворешна оптимизација од активности што најчесто не се случуваат на твојот сајт. Главна техника за овој елемент се градење на backlinks, односно линкови на други веб страни кои водат до твојата. Доколку веб страните кои ги содржат тие линкови се релевантни и добро рангирани, веб страната добива на вредност и квалитет кои градат авторитет.
Local SEO – станува значително важен за сè повеќе и повеќе луѓе кои користат мобилни уреди за пребарувања. Денес, дури 57% од сите пребарувања доаѓаат од таблети или телефони, а половина од тие пребарувања се поврзани со локални пребарувања или Local SEO. Ако поседуваш ресторан, на пример, тогаш local SEO ќе се погрижи кога луѓе во твојот реон пребаруваат за најдобрите ресторани во градот, да дојдат до твојот веб сајт
Search Engine Marketing – или SEM се однесува на платен маркетинг, кои вклучува работи од типот на Google AdWords, реклами на социјални медиуми, pay-per-click, Google shopping ads, native ads, display ads и други. Иако SEM вообичаено не е дел од главните компоненти на SEO стратегијата, има свое место во неа бидејќи може да ти помогне да допреш до нова, таргетирана публика.
Значи:
SEO модулот е многу важен и доста комплексен дел од дигиталниот маркетинг. Со него добиваш квалитетен бесплатен сообраќај на твојата веб страна. Со правилна оптимизација на секоја веб страна би можел да ги достигнеш твоите цели. Побарувачката за SEO маркетери во 2020 година продолжува да расте. Затоа ние во SkillUp ви подготвивме интензивен SEO курс во кој ќе ги научите најдобрите практики за SEO оптимизација со работа на реални проекти, преку најдобрите SEO алатки. Уписите се во тек, а ти може да се пријавиш тука.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.