Дали понекогаш посакуваш денот да има повеќе од 24 часа? Повеќето луѓе посакуваат. Доколку подобро го менаџираш своето време, тие 24 часа ќе бидат сосема доволни да ги завршиш своите обврски.
За наша среќа, денес постојат безброј алатки кои можат да ти помогнат подобро да го менаџираш своето време. Можеш да ја испланираш секоја минутка од твоето време со цел навремено и успешно да ги завршиш сите обврски.Со толку многу алатки достапни, корисниците се соочуваат со потешкотија околу изборот на вистинската алатка. Затоа, ние за тебе ги издвоивме најдобрите алатки или техники за планирање на времето кои треба да ги знаеш.
Pomodoro
Pomodoro е популарна техника за менаџирање на времето креирана од Francesco Cirillo при крајот на 1980те. Ја распределува работата во серија на мали задачи проследени со паузи. Задачите се околу 25 минути долги, додека паузите се од 3 до 5 минути (доволно долги за да си направиш шолја кафе, или пак да отидете во тоалет).
Во минатото, сите кои ја користеле оваа техника користеле обични тајмери. Денес, имаме многу апликации кои ја применуваат оваа техника, пример, Tomato Timer, која работи како екстензија на секој интернет пребарувач и поддржува десктоп известувања.
Trello
Trello е флексибилна визуелна платформа која им заштедува време на голем број на компании со тоа што им дозволува лесно да се организираат. Има голем број на опции, како приоритизирање на одделни задачи, награди за навремено завршени задачи, и многу други опции кои придонесуваат за подобра атмосфера помеѓу вашиот тим.
Trello е веб апликација достапна на сите популарни платформи како Windows, macOS, Android, и iOS. За да заштеди уште повеќе време, Trello соработува со многу корисни апликации и алатки за менаџирање на времето од типот на Hourly или Projects by Placker. Користењето на основните индивидуални пакети е бесплатно, додека бизнис ориентираните опции се достапни само на тие што ќе ја надоградат основната верзија.
Rescue Time
Нашите компјутери често се полни со работи кои можат лесно да ни го одвлечат вниманието од работата. Rescue Time е една од подобрите алатки за менаџирање на времето, а основна функција на оваа алатка е да го задржи твојот фокус на работните задачи со цел да ја зголемиш твојата продуктивност. Достапна е на повеќе платформи како iOS и Andorid, macOS, Windows, и Linux.
Работи во позадина, и знае точно да ти каже колку време си потрошил користејќи одредени апликации, исто така има можност да те предупреди доколку трошиш премногу време на одредена апликација.
Remember the Milk
Понекогаш најдобри алатки за менаџирање на нашето време се тие што се најлесни за користење. Една од тие е Remember the Milk. Една од најлесните апликации за користење, целосно прилагодена за најдобро искуство на корисниците. Апликација која ти дозволува да ги запишеш своите обврски, кои подоцна ќе ти бидат достапни на сите твои уреди. Може да се поврзе со Google Drive или Dropbox, со можност да зачуваш документи, презентации, слики или фајлови заедно со твоите задачи.
Focus@will
Учењето како ефективно да ги организираш твоите задачи е еден чекор напред кон поголема продуктивност. Всушност, фокусирање на истите задачи може да биде потешкиот дел. Повеќе истражувања покажуваат дека музиката позитивно влијае на функционирањето на мозокот за фокусирање, како и за зголемување на твојата продуктивност.
Focus at Will работи на сите уреди и нуди повеќе од 25 канали, секој од нив со уникатна музика која може да ја слушате со или без слушалки. Нивните услуги се достапни бесплатно во првите две недели, а потоа чинат $9.95 месечно.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.