Никола: Следен предизвик за мене е пред титулата Front-end Developer, на место Junior да пишува Senior

Никола Таневски, еден од студентите на нашата прва академија за front-end програмирање, ни раскажа накратко за неговото искуство на нашата академиja.

Никола, кажи ни нешто за тебе

Кога треба да се опишеш сам себе си е малку тешко, но еве би издвоил неколку работи за себе. Имам дипломирано на Економскиот факултетот во Скопје, и по неговото завршување работев во семејниот бизнис. Таму стекнав долгогодишно работно искуство во областа на финансиите и маркетингот, но фактот дека е-трговијата и веб апликациите во последните години одат во нагорна линија, ме натера да размислам како тие сам да ги изработам.

Зошто се одлучи за Front-end?

Најголем предизвик ми беше да работам од каде сакам, да сум слободен во организирање на сопственото време како и можноста мојата имагинација да ја претворам во реален проект. Откако се заинтересирав за програмирањето, почнав да правам истражувања, т.е да ги откријам кои се моите способности и лични интереси во IT светот. По повеќе месечно пребарување, прашања и проверки, ја одбрав Академијата за Front-end на SkillUp, како најкомпетентна за моите лични карактеристики.

Кој ти беше најголем предизвик за оваа академија?

Најголем предизвик беше наоѓањето доволно време за вежбање и учење, како и работење на реални проекти кои ни беа давани како домашни задачи.

Како си задоволен од менторите и целокупните предавања?

Како студен на првата група на Front-end академијата на SkillUp, пријатно се изненадив од начинот на предавање и пристапот на менторите. Посебно ќе го издвојам Стеве, кој што неисцрпно ни го пренесе своето знаење и искуство. Слободно можам да кажам дека академијата ги надмина моите очекувања во однос на програмата и се она што може да се научи.

Дали имаше некое предзнаење кога се работи за програмирањето?

Имав предходно искуство со правење на веб страни. Имено, добро ја познавам WordPress платформата така што веќе имав некакво предзнаење во однос на логиката позади програмирањето, како функционираат одредени работи и бев запознаен со терминологијата. Конкретно како девелопер немав никакви познавања така што на академијата дефинитивно бев почетник.

На какви проекти работевте во текот на академијата?

Работата на проекти имаше клучна улога во академијата, не само во надградување на моите вештини, туку и во добивање на практично искуство. Сите 6 месеци додека траеше академијата работевме на неколку реални проекти, меѓу кои ќе ги издвојам – веб апликација за филмови со користење на надворешно API и индивидуалното портфолио. Можам да наведам дека по само две недели следење на наставата можев самостојно да изработам Landing page, што е доста импресивно за некој кој нема никакво искуство во оваа област.

Кој дел од академијата најмногу ти се допадна?

Ако на Front-end гледаме како на еден мозаик дефинитивно секој дел е значаен. Но самата академија ако би ја поделил на три дела: HTML, CSS, JavaScript – JavaScript највеќе ми се допадна како суштина на програмирање.

На каков финален проект работеше?

Проект на кој работев е апликација за COVID-19 случаи, односно на мојата апликација ги интегрирав податоците на СЗО што ги објавува за COVID-19 случаите за секоја земја во светот на дневно ниво. Идејата ми дојде за време на карантинот кога последните предавања требаше да ги одржуваме online.

Што е следно за тебе и твојата кариера?

Следен предизвик за мене е пред титулата Front-end Developer, на место Junior да пишува Senior, усовршување на стекнатото знаење и континуирано надоградување. Планот ми е продуктивно да го искористам знаењето кое го стекнав на оваа академија, односно самостојно да изработувам веб апликации за свои потреби. Фокус ќе ми бидат online продавници.

Што би им порачал на сите што сакаат да се запишат на академијата?

Дефинитивно би ги охрабрил да го направат првиот чекор бидејќи е една од најбараните и најплатени професии во моментот. Светот постепено се дигитализира, сега кога сè е online, од состаноци до шопинг, бесплатни достави, нарачки и слично, побарувачката од квалификувани кадри од сферата на IT индустријата е поголема од било кога. – Не се плаши, сите некогаш биле почетници. – Со голема посветеност ќе стигнеш до посакуваната цел. – Новиот почеток отвара нови врати и можности.

yellow circle