ПРОГРАМИРАЊЕ СО SCRATCH
Често ги слушаме како родителите им препорачуваат на нивните деца да започнат со програмирање. Уште почесто, родителите кои и самите не се програмери, не знаат од каде да започнат и каде да ги упатат своите деца. Како одговор на ова, експертите од Massachusetts Institute of Technology (MIT) го креираа Scratch, платформа која им помага на децата да навлезат во светот на програмирањето.
Што е Scratch?
Scratch e програмски јазик базиран на блокови. Дизајниран е за возраст помеѓу 7-14 години, и децата можат да го користат за креирање на интерактивни приказни, анимации и игри. Програмирањето се извршува со drag-and-drop методот, односно влечење, пуштање и поврзување на блокови во форма на секвенци, кои потоа го формираат целосниот код. Затоа Scratch е совршен за оние кои не се напредни во користење на тастатура, а во исто време на забавен начин го прикажува резултатот од она што децата се обидуваат да го направат.
Зошто Scratch?
Scratch е совршен за почетници без никакво искуство во програмирање. Визуелното програмирање базирано на блокови им дозволува на децата да го видат резултатот од нивниот код веднаш, и да научат концепти и техники без да пишуваат код. Им помага да размислуваат креативно и логички, и да соработуваат со другите околу нив. Го победува стравот од неуспех, затоа што им дозволува на децата да експериментираат и да пробаат уште еднаш.
Лесен е за учење
Програмирањето со Scratch е лесно бидејќи сѐ што треба да направи детето е да ги подреди блоковите како што тоа замислило. Редоследот на блоковите е редоследот по кој ќе се изврши акцијата на кодот. Формата на секој блок му навестува на детето како и кога ќе се изврши акцијата. Бојата на секој блок го асоцира детето на одредени програмерски концепти.
Забавен е
Програмирањето со Scratch е забавно бидејќи кодот може инстанто да се демонстрира, и детето да го види резулатот од неговиот код. Платформата содржи многу ликови, елементи, околини, кои детето може да ги поврзе и да направи да зборуваат, пеат, играат – можностите се неограничени.
Неограничени можности
Scracth како програмски јазик нуди огромен број на богати опции и функционалности, но во исто време и наликува на напредните, синтаксички програмски јазики како Python, JavaScript и Java.
Сето ова го прави Scratch совршен за почетници, а посебно за деца. Scratch најдоброто место да се започне со учење на концептот на програмирање.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.