Доколку почнуваш или си заинтересиран за кариера во програмирање, овој блог е токму за тебе
Започнаа академиите за програмирање во SkillUp. Горди сме што успеавме да привлечеме студенти кои многу ветуваат и направивме супер екипа. Неколку совети за нив, но и за секој кој сака да влезе во светот на програмирањето. Пишувањето на првиот код е голем чекор за секој иден програмер. Ние во SkillUp се трудиме да им дадеме правилна насока на нашите студенти, учејќи ги на основните принципи кога станува збор за програмирањето. Нашиот тим нуди поддршка и алатки, а истовремено е и водич низ приказната на секој студент. Секој почеток е тежок, тоа е добро познато за сите програмери. Секој програмер ќе се соочи кога тогаш со проблем кој ќе му одземе многу време и нерви. Мотивацијата и самодисциплината се клучни фактори во решавање на проблемот. Во продолжение можете да прочитате неколку совети од нашите ментори, кои ги слушнале сите студенти што поминале низ нашите простории.
Прашувајте – бидете љубопитни.
Љубопитноста е карактерна особина на човек што сака да научи. Оваа карактерна особина ќе ви помогне во создавањето на подобри односи со вашиот ментор, но и ќе го забрза пронаоѓањето на решение за секој проблем.
Продолжете да учите.
Со што се разликуваат врвните и просечните програмери? Не е тајна дека врвните програмери константно учат и ги подобруваат своите вештини. Доколку сакате да останете конкурентни на пазарот на трудот, и сакате да напредувате во вашата кариера, ви препорачуваме никогаш да не ја изгубите желбата за подобрување. Секогаш можете да научите некоја нова вештина, или пак да ги усовршите веќе стекнатите вештини.
Покажете ентузијазам.
Овој начин на размислување ќе ви помогне да останете мотивирани при решавање на секоја задача. Доколку се грижите за крајниот производ и продуктот кој го развивате, на добар пат сте. Не плашете се од предизвик и не дозволувајте да ве надвладее притисокот кога наближува крајниот рок. Преземете одговорност и пристапете му на проблемот со ентузијазам.
Прегледајте ги кодовите.
Доколку работите во тим поделете го вашиот финален код со некои од вашите колеги. Често се случува некои од нив да имаат подобро решение, без разлика на нивното искуство. Свеж поглед кон работите многу значи. На овој начин вашиот тим ќе создаде навика да ги прегледува кодовите, и со тоа да прави контрола на квалитетот.
Не комплицирајте, држете се до едноставноста.
Планирањето на непредвидени случувања многу порано може да го направи кодот премногу сложен и комплексен. Затоа не ги предвидувајте барањата на вашиот клиент, затоа што премногу работи може да се променат. Многу важно е програмерот во текот на кодирањето да ја види пошироката слика и планирањето за проектот. Тоа не значи дека треба многу порано да ги превземате работите во ваши раце. Секогаш мора да работите внимателно и промислено.
Заклучок
Овие совети ќе ви помогнат да стекнете добри навики кои подоцна позитивно ќе влијаат на вашето работење. Барањето работа или пракса како програмер не е воопшто мал чекор, затоа нашите инструктори во SkillUp им стојат на располагање на сите наши студенти со совети, искуства и насоки за почеток на нова кариера во програмирање.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.