Што треба да знаеш за да бидеш добар front end девелопер?

Подолу го има одговорот на ова прашање како и објаснување за она што front end девелоперите го работат секојдневно, по кои стапки треба да се движиш, како и што е неопходно, а што не.

Во последно време, се почесто се поставува прашањето “Што треба да научам за да станам front end девелопер?”. Има многубројни работи за учење, се сè менува брзо, се појавуваат нови технологии итн. Кога читаш статии поврзани со оваа тема, веројатно се чувствуваш збунето.

Сите овие технологии како React, Angular, Vue.js, jQuery, Javascript, па дури и Bootstrap, се појавуваат насекаде, а ти се чудиш како и од каде да започнеш.

Подолу го има одговорот на ова прашање како и објаснување за она што front end девелоперите го работат секојдневно, по кои стапки треба да се движиш, како и што е неопходно, а што не.

Што е front end и што работи еден front end девелопер?

Front end е делот од апликацијата кој ние, корисниците, можеме да го видиме и да воспоставиме комуникација со него. Од технички аспект, тој е одговорен за собирање информации од корисникот и предавање на истите на back end и за прикажување на back end информации назад кон корисникот. Но, front end девелоперот има уште една задача – тој мора да ги вметне и идеите на дизајнерот.

Кои вештини треба да ги поседуваш за да бидеш добар front end девелопер?

1. Започни со HTML

Првата вештина, и навистина неопходна, е онаа на која front end се темели, а тоа е HTML (Hyper Text Markup Language). Овој јазик е скелетот на веб-сајтот или апликацијата. Креира блокови, елементи како мени, слика, текст, видео, табела итн. Добрата страна е што после една недела учење, ќе можеш да го изработиш твојот прв HTML проект. Запомни дека овој јазик не ги разубавува твоите елементи, за тоа ти е потребна наредната вештина.

2. Продолжи со CSS

CSS (Cascading Style Sheets) ќе биде со тебе во целата твоја front end кариера, затоа запознај го што подобро. Ќе ја користиш оваа технологија за да ја стилизираш твојата страна. Со CSS можеш да ги позиционираш твоите елементи, да им доделиш боја, фонт, големина, маргини, па дури и анимации. Навидум е едноставен, но кога ќе навлезеш, ќе ја сфатиш неговата комплексност.

Во оваа фаза, добро е да научиш што е респонсивен дизајн затоа што во 2020, твоите проекти мораат да бидат оптимизирани за мобилни уреди како смарт телефони и таблети. Сега можеш да преминеш кон следниот чекор.

3. Навлези во фронт-енд со Javascript

Сега, може да започнеме со посериозни работи. Мораш да научиш Javascript (JS), за да додадеш функционалност на твојата веб страна или апликација. Со JS можеш да создадеш многу интерактивни елементи. Исто така, можеш да воспоставиш конекција со back end и да споделуваш информации преку API. Секако дека треба труд и посветеност за да го добиеш потребното знаење!

Изгледа дека ова е крајот? Напротив, ова е само почетокот.

Сега би било добро да научиме некои од модерните frameworks за front end девелопмент. Одиме на следен чекор! 😜

4. Користи JS frameworks

Доволно чекори поминавме, а сега да одиме подлабоко во модерните Javascript frameworks и библиотеки кои ќе ти бидат од корист. Фронт-енд frameworks се пионерските блокови во процесот на развој на софтвер. Има многу опции за избирање кога доаѓа до создавање на визуелно привлечни апликации, кои имаат висок рејтинг на корисничко искуствo (user experience; UX). За да ти помогнеме, подолу издвоивме 3 од најдобрите фронт-енд frameworks за 2020!

#1 Angular

Angular ги оспособува девелоперите да создаваат апликации кои се достапни преку веб страни, смарт телефони и десктоп. Frameworks комбинираат декларативни темплејти (темплејти кои самиот програм ги доделува при појава на грешка или некаков проблем), end-to-end алатки и интегрирани најдобри практики кои ги решаваат проблемите со кои се соочуваат програмерите. Има корисен Command Line Interface, па почетниците можат веднаш да започнат.

Без Angular, не може да се направи ни една листа на најдобри front end frameworks. Тоа е единствениот framework кој се базира на Type Script во оваа листа. Официјално е пуштен во употреба во 2016 и е создаден од Google, со цел да го спои недостатокот помеѓу зголемената побарувачка на технологии и конвенционалните концепти кои покажуваат резултати.

Angular е уникатен со својата двонасочна функција за поврзување на податоци. Тоа значи дека има моментална синхронизација помеѓу моделот и изгледот, каде секоја промена на моделот, веднаш се рефлектира на она што го гледаме, и обратно. Ако твојот проект вклучува создавање на мобилна или веб апликација, Angular е совршен за тоа. Покрај тоа, можеш да користиш framework за изработка на повеќе страни како и напредни веб апликации.

Позитивни карактеристики на Angular:
  • Има вградена функционалност за ажурирање на промени направени во моделот, кон изгледот (површината) и обратно
  • Го намалува обемот на кодирање, бидејќи повеќето истакнати карактеристики, како двонасочно поврзување на податоци, се секогаш обезбедени
  • Ги раздвојува компонентите од зависностите, со тоа што ги дефинира како надворешни елементи
  • Компонентите се реискористуваат и се лесни за менаџирање
Негативни карактеристики на Angular:
  • Бидејќи Angular е комплетно динамично решение, постојат повеќе начини на кои можеш да изведеш една задача, за кривата на учење да може да отскокне. Како и да е, големата заедница на Angular им олеснува на новите изучувачи да научат брзо за концептите и технологијата
  • Често се случува големите и динамични апликации да не работат добро поради нивната комплексна структура и големина. Сепак, Angular нуди оптимизација на кодот и најдобри практики.

#2 React

React е еден од најлесните frameworks за изучување. Со оваа технологија е креиран Facebook, поради лесното одржување на кодот и едноставното додавање на карактеристики на апликацијата. React се издвојува од другите поради неговиот виртуелен DOM (Document Object Model), кој нуди исклучителна функционалност. Ова е идеален framework за оние кои предвидуваат поголема размена на содржини и информации и имаат потреба од стабилна платформа која може да се справи со тоа.

React се препорачува за проекти кои содржат и еднострани веб апликации.

Позитивни карактеристики на React:
  • Повторната употреба на компонентите го прави лесен за соработка и ги користи во различни делови од апликацијата
  • Доследни и лесни перформанси со употребата на виртуелниот DOM
  • Најдобра алтернатива за пишување компоненти е закачена на React, која ти дозволува да напишеш компоненти и да го научиш овој framework побрзо
  • React dev алатките се напредни и супер корисни
Негативни карактеристики на React:
  • Поради повеќекратните и константни ажурирања во frameworks, тешко е да ја изработиш потребната документација, а тоа го отежнува учењето на почетниците
  • Неразбирлива комплексност на JSX, при започнување со frameworks
  • Дава само front end решенија

#2 Vue.js

Ова е еден од најпопуларните фронт енд frameworks на денешницата, едноставен, директен и добар во елиминирање на комплексноста. Тој е помал и нуди две големи предности – визуелен DOM и базирање на компоненти. Исто така, работи двонасочно.

Vue.js ти помага на повеќе начини: од создавање веб и мобилни апликации до прогресивни веб апликации, лесно ги совладува и едноставните и динамичните процеси. Иако е изграден за да ги оптимизира перформансите на апликациите и да се справи со комплексностите, тој не е широко популарен меѓу гигантите на пазарот.

Позитивни карактеристики на Vue.js:
  • Широка и детална документација
  • Едноставна синтакса – програмерите со Javascript искуство, лесно може да започнат со Vue.js
  • Флексибилност во структурната изработка на апликацијата
Негативни карактеристики на Vue.js:
  • Недостаток на стабилност на компонентите
  • Релативно помала заедница на корисници
  • Јазична бариера со додатоците и компонентите (повеќето додатоци се напишани на кинески јазик)

Се надеваме дека овој текст ти помогна да го разбереш front end делот од програмирањето малку повеќе. Доколку сакаш да навлезеш подлабоко во оваа технологија и започнеш кариера како front end девелопер, види ја целосната програма за Академијата за Front End програмирање на SkillUp и контактирај не за повеќе информации за почетокот на следната академија.

Good luck!

yellow circle