5 квизови кои ќе ти помогнат во наоѓање на новата работа.

Пред да одлучиш, важно е да ја разгледаш твојата моментална ситуација, да истражиш различни опции за идна кариера и да одбереш насока која ќе те направи најсреќен.

Сакаш да започнеш нова кариера? Кога станува збор за менување на кариера, луѓето сакаат да направат промена поради многу различни причини. Можеби се промениле вредности и очекувања на твоето работно место, имаш нови интереси на кои сакаш да се посветиш,сакаш да заработуваш повеќе или да имаш флексибилно работно време.

Пред да одлучиш, важно е да ја разгледаш твојата моментална ситуација, да истражиш различни опции за идна кариера и да одбереш насока која ќе те направи најсреќен.

Овие 5 квиз-тестови ќе ти помогнат да откриеш твоите интереси, лидерски способности, можни работни и кариерни опции и да ти помогнат да го преземеш првиот чекор

Тест 1: What Job Best Fits Your Life?

Овој квиз е креиран да ти помогне да ја лоцираш вистинската работа за тебе. За разлика од други квизови кои ти помагаат да најдеш работа за која имаш знаење и вештини, овој квиз ти кажува колку одредена работа се совпаѓа со твојот живот, преку работи во кои уживаш и што сакаш да правиш во времето надвор од канцеларија. Доколку бараш промена во кариера, ова е вистинскиот квиз за тебе.

Тест 2: Myers Briggs Type Indicator

Myers Briggs Type Indicator квизот е еден од најкористените тестови за одредување на персоналноста, како од кариерните центри, така и од тимовите одговорни за вработување. Има и зошто! Овој тест помага да се открие како една индивидуа го гледа светот, користејќи четири психолошки функции – возбуда, интуиција, чувства и размислување, кои помагаат да се согледа која кариерна насока ѝ прилега на твојата личност

Тест 3: Are You a Natural Born Leader?

Размислуваш за работа на повисоко ниво во менаџмент? Тогаш направи го овој квиз и откриј колку си спремен да водиш и менаџираш тим од вработени, па дури и цела канцеларија. Резулатот ќе ти ја посочи моменталната позиција и како да стасаш до посакуваната работа.

Тест 4: O-Net Interest Profiler

O-Net Interest Profiler тестот ќе ти помогне да ги откриеш твоите интереси и како тие се поврзани со твојот професионален свет. Ова е супер квиз доколку си на почеток на твојата кариера или размислуваш за промена на кариерата.

Тест 5: How to Tell if Your Job is Totally Wrong for You

Ако не си среќен на работа, дали е време да бараш друга работа? Можеби, а можеби и не. Овој квиз ќе ти помогне да сфатиш дали треба да смениш нешто во твојата моментална работа или е време за нова или можеби нова кариера. Откриј кои работи те прават несреќен на работа, почнувајќи од културата на работното место, па се до можностите за напредување.

Пишување на CV и мотивациско писмо

Реши дека сакаш да бараш нова работа? Кога ќе бидеш спремен/а да започнеш со аплицирање за новата позиција ти препорачуваме да посветиш време и спремиш CV и мотивациско писмо кое што ќе ја рефлектираат твојата желба за работа во новата област. Искористи ја оваа алатка за лесно креирање на CV кое ќе ги прикаже сите релевантвни податоци, а исто така и одлично ќе изгледа.

Good luck!

yellow circle