Размислуваш за кариера во програмирање. На кој дел од програмирањето ќе се посветиш? Кои технологии ќе ги користиш? Кој е првиот чекор што треба да го направиш?
Читаше на интернет, беше на отворен ден да се информираш, разговараше со другарот од средно што програмира. Слушна еден куп термини како front end, back end, HTML, CSS, сервери, бази на податоци.
Ние и претходно пишувавме за разликата помеѓу front и backend. Пишувавме и поопширно што е front end и објаснивме на кратко што е HTML. Сега ќе зборуваме малку и за backend.
ШТО Е BACK END ПРОГРАМИРАЊЕ?
Back end програмирањето е поврзано со позадинскиот, или серверскиот дел на една веб страна или апликација. Сѐ она што ние како корисници не го гледаме, но е многу важно за функционалноста на сајтот.
Постојат неколку основни концепти кога зборуваме за back end:
- Сервер – или cloud технологија како што се нарекува (друг пат повеќе за тоа). Моќен компјутер кој што и дава живот на целата апликација или веб страна, односно место каде што стојат сите документи поврзани со нашата страна и кое што овозможува да се пристапи до сајтот преку интернет.
- База на податоци – систем за чување на податоците, односно збир на табели во кои што се запишуваат сите податоци и информации поврзани со страната/апликацијата.
- API – збир на правила и процедури кои овозможуваат комуникација помеѓу базата на податоци и front end делот на страната.
- Програмски јазик – јазикот што се користи за пишување на кодот кој ја дефинира целата апликација. Ние во SkillUp се фокусираме на C# како главен програмски јазик.
ШТО Е C# И ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ?
C# е објектно ориентиран програмски јазик за развој на апликации на Microsoft платформата. Она што го прави овој програмски јазик толку популарен е фактот што е релативно лесен за учење, но во исто време поддржува развој на било каков софтвер. Секој програмски јазик е дизајниран за некоја специфична намена. Меѓутоа C# е дизајниран имајќи ги во предвид потребите на компаниите – еден програмски јазик за сите видови на софтвер.
C# е брз и open source
C# е open source (оригиналниот изворен код е слободно и бесплатно достапен и може да биде менуван), под .NET Foundation, што е управувана од Microsoft. Иако оваа компанија го дизајнираше овој програмски јазик, постои огромна и доста активна заедница која го поддржува развојот и подобрувањата на C#.
C# овозможува развој на повеќе платформи во исто време
Со C# може да се развиваат .NET апликации кои потоа ќе бидат инсталирани на Windows, Linux или Mac платормите.
C# е безебеден
C# не дозволува акции кои можат да доведат до губење на податоци или други проблеми. Им овозможува на програмерите да пишуваат безебеден код. Фактот дека е наменет за развој на големи и робустни апликации, како и поддршката што ја добива од Microsoft, значи дека на безбедноста на кодот се посветува огромно внимание.
C# е разноврсен и флексибилен
Како што спомнавме и претходно, додека повеќето програмски јазици се наменети за специфична намена, C# е наменет за да се развиваат апликации во C#. Се користи за развој на сите типови апликации, вклучувајќи Windows клиентски апликации, мобилни апликации, cloud апликации, дури и видео игри.
C# ВО РАЗВОЈОТ НА ИГРИ
C# се користи за развој на игри во Unity game engine-от, најпопуларниот game engine во денешницата. Повеќе од третина од најпопуларните игри се развиени со Unity, и постојат околу 770 милиони активни корисници на игри креирани со него. Unity исто така се користи во Virtual Reality, со тоа што околу 53% од игрите на Oculus Rift VR и 90% на Samsung Gear се развиени со него. C# е многу популарен програмски јазик за овие апликации и е можеби најсовршениот јазик за еден пргорамер да навлезе во оваа индустрија.
ШТО ТИ ТРЕБА ЗА ДА ПОЧНЕШ СО C#?
Повеќето луѓе кои се почетници во програмирањето се исплашени од концептот на back end програмирање. Непотребно исплашени. Како и изучувањето на сѐ друго и секоја друга технологија и методологија, почетокот е тежок. Меѓутоа сите концепти во оваа област се лесни за разбирање. Со добро објаснување на концептите и поставување на солидна основа, секој може да заплива во овие води. Она што ние го препорачуваме е добро информирање на самиот почеток за можностите на оваа гранка за развој на софтвер, внимателно проучување на основите и многу многу обиди и грешки, преку кои прво ќе научите безбој начини како не треба, а потоа ќе стигнете до начините како треба. Тоа е најдобриот пат до успех.
Ви посакуваме среќа.
Повеќе информации за нашата академија за backend програмирање можете да добиете овде.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.