SkillUp супер херои: Иван од академијата за Web Design!

Од првиот час кога влегов во просторија видов дека ќе ми биде интересно во SkillUp, па до ден денес се уште ми е интересно и забавно. На секој час бев присутен, дури и на часевите во сабота. За тоа се заслужни Ѓоре и Влатко кои беа наша најголема мотивација!

Иван е уште еден од низата на SkillUp супер херои. Извидник, ракометар, програмер и иден бизнисмен. По успешно завршена академија за Web Design, Иван ни дојде супер мотивиран и се запиша на академијата за Web Development. Седнавме на цедевита и си помуабетивме со Иван за неговото искуство во SkillUp.

Како си?

Одличен, како и секогаш.

Кој е Иван?

Јас сум Иван Гушев, имам 18 години. Годинава сум матурант во ССОУ “Коле Неделковски” или по велешки УЗУС 😄. Долгогодишен извидник, односно веќе 15 години. Се занимавам со програмирање, спорт, пособно го сакам ракометот. Годинава сум запишан на академијата за Web Development во skillup. Здравје во иднина сакам да станам успешен бизнисмен, но верен на струката односно програмер.

Што правиш кога не програмираш?

Реално многу работи. Шетам, пијам кафе со другарите, одам на извидници, одам по забави, си се занимавам дома со гледање серии и филмови, чепкам на компјутерот редовно.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Кога се запишав во прва година средно дознав преку професорите кои нудеа понуди да се запишеме. На почеток бев скептичен и затоа со задоцнување се запишав во трета година, но не згрешив што се запишав, научив многу работи за програмирањето.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Минатата година учев Web Design – HTML, CSS и Bootstrap, односно како се изработуваат статички веб страни. Годинава учам Web Development, или како да и дадам “живот” и динамика на веб страната со Java Script и Angular.

  • Тешко ли е?

Кога ги имаш Ѓоре и Влатче како ментори ништо не е тешко 😄

  • Интересно ли е?

Од првиот час кога влегов во просторија видов дека ќе ми биде интересно во SkillUp, па до ден денес се уште ми е интересно и забавно.

На секој час бев присутен, дури и на часевите во сабота. За тоа се криви пак ќе речам Ѓоре и Влатко. За да не биде монотоно и цело време со предавања имавме организирано неколку настани од кои би го издвоил Escape room, каде што иако закаснив, ме заклучија и мене во предавална па требаше да покажеме колку имаме научено за да го најдеме излезот (клучот) од предавлна. За жал на Олимписките Игри не присуствував, но разбрав дека и таму било доста интересно.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот од секоја академска година, студентот има задача да си направи сам свој проект, и да го презентира истиот пред менторите, кажувајќи кои технологии ги искористил. Мојот проект беше Веб продавница за патики. Како што кажав погоре, освен програмирањето ме интересира и бизнисот па мислев дека ова е одлична комбинација од едното и другото. Не ми беше воопшто тешко додека ја правев веб страната за продавницата, напротив уживав. Малку заглавив при крајот но тука беше Ѓоре да помогне како и секогаш :)))))

Се гледаме наредна година?

Со голема чест и задоволство!

yellow circle