SkillUp супер херои: Сара од академијата за Web Development!

Академијата е супер место за тие што сакаат преку забава да научат да програмираат. Имаше организирано и неколку забавни настани, од кои би ги издвоила Олимписките Игри каде што се натпреварувавме во играње пикадо, џенга, погодувавме загатки. Беше многу забавно и интересно.

Skillup супер херој на денот! Сара. Втора година дел од skillup. Ужива во добро кафе, квалитетно поминато време со пријателите и секако во куцање код. Сара, остај компјутерот и другарките и ај на кафе и интервју!

Како си?

Одлично.

Која е Сара?

Јас сум Сара Ѓорѓиевска, студент на академијата за web development, имам 18 години и учам во ОСУ “Јовче Тесличков”.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, учам, уживам да излегувам на кафе, да поминувам време со моите пријатели…

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Преку мајка ми слушнав за skillup академијата за програмирање и сакав да видам како би ми одело програмирањето, се запишав и не згрешив во таа одлука.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата имам само убави зборови и мислам дека секој што сака да се надогради самиот себе треба да направи еден чекор напред и да се запише на академија. Минатата година учев web design, односно како да дизајнирам веб страни и можам да ви кажам дека беше лесно и интересно, оваа година учам web development, како да ги развијам веб страните кои сум ги дизајнирала и не знам дали е тешко, сѐ уште сме на почеток, но не се сомневам дека ќе биде интересно. Академијата е супер место за тие што сакаат преку забава да научат да програмираат. Имаше организирано и неколку забавни настани, од кои би ги издвоила Олимписките Игри каде што се натпреварувавме во играње пикадо, џенга, погодувавме загатки. Беше многу забавно и интересно.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот на годината сите ученици треба да направат проект, односно веб страна користејки го нивното знаење што го стекнале во текот на годината. Мојот проект беше веб страна за компанија, можам да кажам дека ми беше доста интересно и уживав додека ја правев.

Се гледаме наредна година?

Да секако. 😁

yellow circle