SkillUp супер херои: Александра од академијата за Web Development!

За академијата имам само убави зборови, фантастично е. Mногу е интересно и забавно, а и најбитно не е воопшто тешко. Менторите се одлични, секоја ситница која не е јасна ни ја објаснуваат.

Александра Ангеловска, втора година во skillup, лани на академијата за веб дизајн, годинава на веб девелопмент. Александра, сакаш на интервју?

Како си?

Како и секогаш одлично. 🙂

Која е Александра?

Јас сум Александра Ангеловска, студент во skillup втора година по ред. Имам 13 години и учам во ООУ ‘’ Блаже Конески ’.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам или вежбам или пишувам домашно, но најчесто сакам да излегувам да се шетам со другарките, учам, или извршувам некои други обврски.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Уште од мали нозе ме привлекуваа компјутерите, и општо технологијата, па веројатно и така ми се има родено желбата за програмирање. За skillup дознав предминатата година случајно налетувајќи на пост на социјалните медиуми, имав една другарка која е запишана овде, и секако подоцна и јас се запишав 😁.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата имам само убави зборови, фантастично е. Има многу врсници кои како мене ги интересира програмирањето и се запишале да учат. Минатата година учев Web Design или HTML и CSS, a oваа година учам JavaScript или Web Development. Mногу е интересно и забавно, а и најбитно не е воопшто тешко. Менторите се одлични, секоја ситница која не е јасна ни ја објаснуваат. За да не ни биде “досадно” и цело време да учиме и куцаме кодови имавме организирано неколку настани. Првиот беа Олимписките Игри на кои за жал не присуствував, а на Escape room си поминав супер, и што е најбитно, победивме! 🙂

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

За да добиеме сертификат дека сме посетувале академија секој од нас студентите мора да направи проект, односно сопствена веб страна користејќи ги технологиите кои ги учеле во текот на годината. Мојот проект беше за растенија. Дали ми беше тешко? Воопшто не, додека го правев ми беше многу забавно и возбудливо. Кога и да заглавев некаде тука беа менторите да помогнат.

Се гледаме наредна година?

Секако, да го затвориме фронт енд циклусот. 😁

yellow circle