SkillUp супер херои: Давид од академијата за Web Development!

На академијата е многу забавно, а највеќе затоа што често се одржуваа забавни игри како што се escape room и Олимписките Игри. На Escape room си поминав прекрасно, бевме 2 групи и се натпреварувавме која група е подобра, како и што беше очекувано групата во која што бев јас беше онаа која победи.

Давид Алексов, навивач на Manchester United и уште еден во низата skillup супер херои! После една успешна година на академија, Давид се запиша на Web Development. Го викнавме да ни раскаже за неговото искуство во skillup.

Како си?

Одлично!

Кој е Давид?

Јас сум Давид Алексов, имам 15 години. Учам во ССОУ “Коле Неделковски”. Се занимавам со програмирање и спорт. Оваа година сум дел од академија за web development во skillup. А во иднина сакам да станам програмер.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, сакам да излегувам со другарите, спортувам и да играм игри на компјутерот.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Јас бев одамна заинтересиран за промагримирање бидејки сметам дека тоа е иднината. Еден другар ми кажа дека го посетувал курсот за web design во skill up, па одлучив и јас да се запишам.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата имам само убави зборови и на секој би му препорачал да се запише. Мене оваа година ми е втора на академија, првата учев HTML и CSS, а оваа година Јava Script. Има некои делови кои се тешки но и делови кои се многу интересни. На академијата е многу забавно, а највеќе затоа што често се одржуваа забавни игри како што се escape room и Олимписките Игри. На Escape room си поминав прекрасно, бевме 2 групи и се натпреварувавме која група е подобра, како и што беше очекувано групата во која што бев јас беше онаа која победи. Јас не учествував на Олимписките игри , но верувам дека да бев таму ќе си поминев прекрасно.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Мојот Проект беше за мојот омилен фудбалски клуб – Manchester United. Имаше места на кој заглавував, но тука беше мојот ментор за да ми помогне и да ми објасни. Додека го изработував проектот беше многу интересно.

Се гледаме наредна година?

Со задоволство!

yellow circle