Запознај го Петар, инструктор на back-end академијата

Запознај го Петар, full-stack девелопер и инструктор на академија за Back End програмирање . Дипломиран инжинер кој своето знаење несебично го споделува со нашите студенти.

Кој е Петар?

Дипломиран инженер на ФИНКИ што обожава да слуша музика и да свири на пијано (дигитално, се разбира 😄). Сакам да се дружам, но периодов послабо го практикувам тоа, па се фокусирам повеќе на моите професионални обврски.

Кога почна да се занимаваш со програмирање и како се одлучи за оваа професија?

Со програмирање почнав да се занимавам уште во средно во гимназија, па одлучив да се запишам на Финки. Како и повеќето студенти на ФИНКИ, уште пред да завршам почнав на пракса, и од тогаш сум постојано во професионалното програмирање. Се одлучив за оваа професија бидејќи уште од мал со татко ми гледавме работи поврзани со електрониката и програмирањето и тоа ми стана интересно за и понатаму да продолжам.

Кој програмски јазик ти е омилен за работа?

Омилен јазик за работа ми е C#, а исто така го обожавам и TypeScript. Во главно веб ориентирани јазици.

Како SkillUp ќе им помогне на студентите да научат програмирање? Кои вештини е потребно да ги поседуваат?

Најпрво треба да се има мотивација да се научи програмирањето. На почеток секој проблем кој што ќе биде презентиран ќе биде екстремно тежок. Се разбира, не треба да се откажеме уште при првата потешкотија, туку напротив, да пробаме што е можно повеќе да работиме на различни проблеми. Сметам дека доколку студентите се упорни ќе успеат да научат многу.

Што најмногу ти се допаѓа во работата како инструктор во SkillUp?

Тоа што постојано треба да правам некој пренос на знање кон студентите. Секој час е различен предизвик, секој час студентите учат нешто ново. А и многу се радувам кога студентите ќе видат како се изработуваат проекти во реална околина, презентирани кон нив со соодветни примери од секојдневниот живот на еден програмер.

Какво ти е досегашното искуство со студентите во SkillUp?

Секој студент е различен – некои студенти разбираат подобро и побрзо од другите, но се обидуваме темпото да им одговара на сите. Се разбира секогаш има по “мрзливи” студенти кои што сакаат да постигнат успех без вложен труд 😀 Но и тие набрзо сфаќаат дека во програмирањето нема успех без напорна работа.

Што би им препорачал на идните студенти?

Бидете што е можно по упорни во изучувањето на материјалот, и работете интензивно дома. Решавајте што е можно повеќе задачи надвор од оние што ќе ги добиете на предавања и вежби. И најважно од се, не се откажувајте. Секој почеток е тежок.

yellow circle