Виктор Димчевски: “Во SkillUp добив повеќе од тоа што очекував!”

Виктор – музичар кој реши својата кариера да ја насочи во програмирањето, следејки ја желбата уште од најрана возраст.

Кажи ни нешто за тебе, кој е Виктор кога не програмира?

Кога не програмирам, најчесто свирам гитара и слушам многу музика. Освен тоа, сакам да читам книги кои сметам дека се корисни за мене.

Со што те привлече оваа професија?

Пред се, самата љубов кон технологијата која ја имам од рана возраст. Поспецифично за програмирањето, ме привлекува можноста за интелигентно креирање и конструктивно влијание врз туѓите животи преку квалитетни софтверски решенија.

Како си поминa на предавањата во SkillUp?

Добив повеќе од тоа што очекував. Пред да почнат предавањата знаев дека ќе биде вистински квалитетно искуство, но набрзо потоа видов дека станува збор за многу повеќе. Искрено сум благодарен на одличниот SkillUp тим.

Која карактерна особина ти помогна да ја совладаш подобро програмата на академијата?

Гледање и слушање без филтри, перципирање на информациите такви какви што вистински се.

Опиши го искуството на акадмијата со три збора

Предизвикувачко, изобилно, инспиративно.

Што е следно за тебе?

Првата квалитетна шанса за работа како Back-End Developer, а во скора иднина и како Full-Stack.

Што би им препорачал на оние кои сакаат да се занимаваат со оваа професија?

Игнорирајте ги сите сомнежи за вашите способности, квалитети и капацитети. Искрено и целосно верувајте во себе. Секогаш бидете целосно инволвирани во тоа што го правите. Пред да работите напорно, пробајте да работите интелигентно.

yellow circle