Front end vs Back end програмер – што е разликата?

Размислуваш да почнеш да учиш да програмираш? Слушна за front end и back end програмирање а не знаеш што е што?

Размислуваш да почнеш да учиш да програмираш? Слушна за front end и back end програмирање а не знаеш што е што?

Што е разликата помеѓу овие две?

Наједноставно кажано front end се однесува на дизајнот една веб страна или апликација или она што корисникот го гледа, додека back end се однесува на нејзиниот позадински, серверски дел.

Додека ова звучи прилично едноставно, многу често границата помеѓу овие две не е јасна. За да ти помогнеме да ја одбереш насоката која најмногу ќе ти прилега, овој текст ќе го посветиме на разликите помеѓу front end и back end програмерите.

Front End

Што е front end програмирање? Front end е се што е поврзано со она што крајниот корисник го гледа, вклучувајќи го дизајнот на страната и некои технологии како HTML и CSS.

На пазарот на труд во ИТ индустријата постојат многу различни огласи за front end програмери, каде секоја компанија користи различен термини за да го објасни работното место. Па, затоа треба да се внимава бидејќи тоа што за една компанија треба еден front end програмер да го работи, за друго може да е сосема различно.

Еве неколку примери за front end работни позиции:

  • Веб дизајнер, како што името кажува, дизајнира веб страни. Но, името на оваа позиција е многу општо. Веб дизајнер може да биде некој што дизајнира страни во Photoshop и никогаш во кариерата не напишал ниту една линија код. Додека во друга компанија, веб дизајнер е позиција која покрај Photoshop, ќе знае да го напише HTML и CSS кодот, а некогаш ќе користи и JavaScript за таа веб страна.
  • User Interface (UI) дизајнер е дизајнерерот одговорен за визуелниот изглед на една страна и е фокусиран само на дизајн. Оваа позиција скоро никогаш не е вклучена во техничката изработка на страната, но многу често овие луѓе ги знаат основите на HTML и CSS со цел подобро да комуницираат и разменуваат идеи со програмерите кои што ја кодираат страната.
  • User Experience (UX) дизајнер е човекот кој што работи во предниот дел, односно front end, и го анализира и истражува движењето на корисниците додека се на една веб страна. Луѓето вработени на оваа позиција треба да знаат да прават разни промени на страната врз основа на многу A/B тестови (повеќе за нив во друга прилика), односно разни промени на елементите на страната.
  • Front end програмер, или дизајнер, треба да знае да креира страна без позадинскиот, back end, делот, со тоа што таа страна ќе биде статична. Статична страна значи страна која е одлична за бизниси како ресторан или козметички салон. Најчесто овие страни се секогаш исти и нема потреба од промени во содржината. Од front end програмерот се бара да може да направи разни тестирања, да знае HTML, CSS и JavaScript. Оваа позиција најчесто не бара познавање и искуство со креирање на дизајнот (изгледот) на страните. Друго име за оваа позиција може да се сретне како front end инженер.

Back End

Што е back end програмирање? Back end програмирањето, или серверската страна, е како страната всушност работи, сите обновувања и сите промени. Ова се однесува на се што крајниот корисник не може да го види во пребарувачот, како што се сите бази на податоци и сервери.

Луѓето што работат на back end делот се викаат back end програмери и тоа за што се одговорни е безбедноста, структурата и менаџирањето на содржината на страната. Тие обично знаат и користат јазици како HTML и CSS, но тоа не е нивниот главен фокус.

Креирањето на динамична веб страна бара back end програмери. Динамична веб страна е страна која постојано и секојдневно се менува и ажурира. Facebook, Google Maps, овој блог и повеќето веб страни со кои што секојдневно се среќаваме се динамични страни, бидејќи нивната содржина секојдневно е различна.

За динамичните страни потребно е базата на податоци да работи соодветно. Сите информации за таа страна се зачувани во овие бази, како кориснички профили и слики кои корисниците ги прикачиле или нивните постови. Back end програмерите одговорни за ова работат со технологии како .Net или PHP, а кодот кој што го пишуваат комуницира со серверот и му кажува на пребарувачот што од базата на податоци да користи.

Заклучок

Се надеваме дека после овој текст разликите помеѓу front end и back end програмирањето се појасни. Доколку некогаш не ти е најјасно дали нешто спаѓа под front end или back end, сети се дека front end е поврзано со прелистувачот и се што гледаш на една страна, а доколку е нешто поврзано со база на податоци тогаш станува збор за back end.

Ова прашање многу често може да не остави збунети, посебно бидејќи во оваа индустрија нема јасни стандарди што точно спаѓа под front end, а што back end. Голем дел од програмерите кои работат и разбираат и front end и back end и овие програмери се нарекуваат Full Stack програмери.

Доколку си заинтересиран да навлезеш подлабоко во програмските јазици, нашите академии за Front EndBack End и Full Stack програмирање се супер за да почнеш со учење на оваа вештина!

yellow circle