Front-end девелопмент
Сигурно секој ден отвараш Facebook, сајтови за читање вести, следење резултати од лига на шампиони. Си се прашал некогаш зошто елементите на сајтот се поставени така како што се? Како сајтот знае што да направи кога ќе кликнеш некое копче? Си размилил некогаш кој го прави сето тоа и како?
Епа, сите тие видливи карактеристики се прават со front end програмирање.
Денес, front end програмерите се една од најбараните категории на професионалци – без нив, не би можеле да уживаме во интернетот.
Но што се front end програмери? Тоа се луѓе кои го имплемтираат изгледот на сајтот преку јaзици за програмирање како HTML, CSS и JavaScript. Тие се програмери за сѐ она што ние како корисници го гледаме. Овде треба да ја посочиме разликата од backend девелоперите, кои се грижат за целата логика позади завесата, она што не се гледа. Ако отидеш на било кој сајт, ќе ја видиш работата на front end програмерите: во навигацијата, изгледот на содржината, како сајтот изгледа поинаку на твојот мобилен отколку на компјутер.
Кодот што го пишуваат програмерите работи на страната на пребарувачот (Chrome, Firefox, Internet Explorer – последниов стварно немој да го користиш), за разлика од backend девелоперот, чиј код работи на страната на серверот
Кои вештини се потребни за ова?
Front end девелоперите користат три примарни јазици за програмирање на сајтот:
HTML & CSS
HTML (Hyper Text Markup Language) и CSS (Cascading Style Sheets) се основните градежни блокови на веб програмирањето. Без овие две не можеш да креираш дизајн за сајт – ќе добиеш само екран со груб неформатиран текст. Не би можел да додаваш ниту слики, бои итн. Совладување на овие два јазика е основата на веб програмирањето. Добрата вест е дека овие два јазика се едни од најлесните и најзабавните – сѐ што правиш можеш да го видиш и да добиеш инстантен фидбек за сработеното.
Најдобриот дел – со HTML и CSS можеш да направиш едноставен, но комплетен веб сајт.
JavaScript
JavaScript ти овозможува да додаваш еден куп функционалности на сајтот, и може да креираш едноставни апликации со помош на HTML, CSS и JavaScript. На наједноставно ниво, JavaScript се користи за креирање и контрола на елементи како мапи што работат во real time, интерактивни филмови и онлајн игри. Сајтови како Facebook интензивно користат JavaScript за да го направат интерфејсот лесен за користење. Според анкетите, JavaScript е најкористениот јазик за програмирање во светот, такашто независно кој ти е планот за кариера во девелопмент, ова е многу корисна работа да се научи.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.