SkillUp супер херои: Адријан од академијата за Web Development!

Минатата година за да не олабават малку од предавања дечките од skillup ни организираа Escape room да видат до каде сме со учењето 🙂 . Беше добро организирана и интересна игра, бев малку разочаран затоа што не победивме, но затоа пак растуривме на Олимписките Игри.

Адријан е новиот супер херој на skillup. Студент на web development. Програмира, пишува текстови, снима песни и ужива да спие и излегува. Yo, Адријан! Ај на интервју!

Како си?

Никогаш подобро 🙂

Кој е Адријан?

Јас сум Адријан Алиев, студент на академијата за web development во skillup. Имам 14 години и учам во ООУ “Блаже Конески”.

Што правиш кога не програмираш?

Во слободното време најчесто уживам да слушам музика, исто така пишувам текстови, снимам, спијам и излегувам.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Искрено сакав да влезам во светот на програмирањето, но не знаев дека постои академија за програмирање во градов додека не видов реклама на социјалните медиуми, па одлучив да се запишам.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Академијата е супер, лани научив да правам статички веб-страни со помош на HTML и CSS, со помош на нашиот најдобар ментор Влатко. Моментално учам Java Script, и морам да признаам дека е малку потешко од лани бидејќи на сите ни е ново, но сепак е интересно ми се допаѓа. Минатата година за да не олабават малку од предавања дечките од skillup ни организираа Escape room да видат до каде сме со учењето 🙂 . Беше добро организирана и интересна игра, бев малку разочаран затоа што не победивме, но затоа пак растуривме на Олимписките Игри.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Завршниот проект беше за моите омилени брендови за облека, не ми беше многу тешко затоа што работата ми ја олесни Bootstrap, и беше доста забавно. Заглавив на неколку наврати, но со помош на најдобриот ментор Влатко го завршив проектот во рекордно време.

Се гледаме наредна година?

Со задоволство!

yellow circle