SkillUp супер херои: Андреј од академијата за Web Development!

Skillup е место кое што ми помогна да запознаам многу нови другари и да влезам во светот на програмирањето. Пред да се запишам на академијата јас сам пробував да најдам нешто како би можел да направам своја страна, гледав туторијали на YouTube и на Google, но она што го наоѓав беше со многу ограничени можности.

Еве го и Андреј. Проба сам да учи програмирање преку туторијали, но заглави па се запиша на академија. Многу јак фудбалер (за неговата генерација 😀 ), глумец, и најбитно од се програмер! Андреј, ај да ни кажеш како ти е на академија!

Како си?

Во моментов одлично, а посебно убаво што skillup е со мене денес овде.

Кој е Андреј?

Јас сум Андреј Теов. Учам во ООУ “Кирил и Методиј” исто така и студент во skillup академијата за програмирање, лани на Web Design, годинава Web Development. Покрај училиштето и академијата тренирам и фудбал и сум доста добар во тоа, за мојата генерација.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам најчесто уживам во прошетка со другарите, тренирам фудбал, но и додатно со другарите ги користиме новите спортски игралишта во градот, а исто така се занимавам и со глума.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Пред да се запишам на академијата јас сам пробував да најдам нешто како би можел да направам своја страна. Гледав на YouTube и на Google, но она што го наоѓав беше со многу ограничени можности. Еден ден мама ми спомна за академијата и ми објасни за се она што се учи таму, мене тоа многу ме заинтересира и веднаш ја замолив да се запишам и да го научам она што го сакам, и можам да ви кажам дека не згрешив.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Skillup е место кое што ми помогна да запознаам многу нови другари и да влезам во светот на програмирањето. Од академијата научив многу нови работи а посебно од HTML, CSS научив како да го создадам телото и надворешниот изглед на страната,

а бидејки сум многу љубопитен мора и да дознаам како да го направам и внатрешниот изглед со JavaScript. Покрај учењето како да програмираме, имавме и доста игри како што беа escape room, Олимписките Игри… Менторите од skillup нѐ научија како побрзо и пологички да ги гледаме работите околу нас, работите кои ги програмираме.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот од годината на сите ни беше дадена задача да си го направиме својот проект. Јас одбрав за мојот проект да направам страна за тимот кој што навивам, Реал Мадрид. На почетната страна имав слика од тимот и неговата историја и сите награди кој ги има освоено. На втората страна ги ставив играчите и нивните слики. На третата страна ги ставив фановите на тимот и сликите на фановите и играчите. На четвртата страна го ставив стадионот Сантијаго Бернабе каков бил некогаш, а каков е сега и неговите податоци: кога е направен, колку е стар, колкав капацитет има и сл. Доле на крајот од четвртата страна ја ставив локацијата на стадионот каде точно се наоѓа.

Се гледаме наредна година?

Секакоооооо!!

Не планирам да останам само со еден чекор. Надградувањето во програмирањето е моето мото. Одам чекор напред и напред до освојување на нови знаења, но и нови искуства. Го научив надворешниот, а сега мора и внатрешниот дел од страната.

yellow circle