SkillUp супер херои: Давид од академијата за Web Development!

Знам дека не згрешив што се запишав. Мината година учев HTML & CSS, а оваа Java Script. Во skillup не може да не ти биде забавно и интересно кога секој час дознаваш нови работи, а се тоа проследено со дружба со останатите студенти и секако менторите.

Давид Стојановски е нашиот нов супер херој. Вежба програмирање 2 години, а ракомет 5. Наводно е еден од подобрите во екипата. После два и пол месеци начека малку слободно време и го викнавме на интервју да ни каже како му е на академија. Давид на линијата од 7 метри!

Како си?

Супер сум! Расположен за ова интервју.

Кој е Давид?

Јас сум Давид Стојановски, имам 14 години. Учам во ООУ “Блаже Конески” и ова ми е втора година на академијата skillup.

Што правиш кога не програмираш?

Во принцип имам многу малку слободно време. Веќе 5 години тренирам ракомет, тренинзи, натпревари знаете како е 😀 . Уживам кога имам малку слободно време да го искористам за излегување, да се видам со другарите.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Насекаде се зборува за програмирањето и веб страни. Прочепкав по интернет и низ муабет со другари и познаници разбрав дека сите овие работи можам да ги научам на едно место, со гратис дружба и нови другари. 😀

И што ќе ни кажеш за академијата?

Знам дека не згрешив што се запишав. Мината година учев HTML & CSS, а оваа Java Script. Во skillup не може да не ти биде забавно и интересно кога секој час дознаваш нови работи, а се тоа проследено со дружба со останатите студенти и секако менторите. Во skilup освен учење има и забава со добра организација, а тука морам да ги спомнам Escape room и Олимписките Игри, каде што бевме шампиони со мојот тим.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот од минатата година имавме задача да изработиме веб страна по наш избор. Креирав страна за ресторан, во која што беа достапни услуги, менија и слики. Со леснотија и без проблеми за кратко време ја завршив поставената задача.

Се гледаме наредна година?

Секако, тоа не треба ни да се праша. 😁

yellow circle