SkillUp супер херои: Филип од академијата за Web Development!

Академијата е едно прекрасно место со фантастични ментори, каде што преку забава можеш да научиш мнооооогу за програмирањето доколку стварно сакаш. Нешто што недостасуваше во Велес.

Новиот во низата skillup супер херои е Филип. Матурант, обожавател на добро кафе, професионален FIFA играч, и иден програмер. Откако “дипломираше” на нашата академија за Web Design реши да нè почести со неговото присуство и на Web Development, а ние него со едно кафе и интервју да го прашаме што мисли за skillup.

Како си?

Одлично.

Кој е Филип?

Јас сум Филип Николов, иден програмер и ученик во 4та година при ССОУ “Коле Неделковски”.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, а тоа е ретко, сакам да си поспијам ако имам време 😀. Исто така и уживам да пијам кафиња по локалите со друштво, или да свртам добра партија FIFA со другарите (растур ги правам).

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

На академија се запишав случајно, наидов на реклама на социјалните медиуми, дојдов на отворен ден и еве ме после 3 години на интервју. 🙂

И што ќе ни кажеш за академијата?

Што да ви кажам, ПРЕКРАСНО МЕСТО, со фантастични ментори нешто што му фалеше на Велес. Оваа година учам web development, односно JavaScript. Сè уште сме на почеток за да ви кажам дали е тешко, но, можам да кажам за минатата година кога учевме HTML и CSS дека беше доста интересно, посебно начинот на кој што Ѓоре ги одржуваше предавањата и ни објаснуваше сè што не ни беше јасно. Академијата е едно прекрасно место како што ви кажав погоре, каде што преку забава можеш да научиш мнооооогу за програмирањето доколку стварно сакаш. Имаше организирано и неколку настани, од кои би ги издвоил Олимписките Игри каде што се натпреварувавме во играње пикадо, џенга, погодувавме загатки. Тимската работа не ни беше на максимум, но сепак беше забавно и интересно.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот од годината секој мораше да направи проект – сопствена веб страна користејќи ги технологиите кои ги учевме во текот на академијата. Мојот проект беше инспириран од платформата booking, направив своја веб страна за туризам, со хотели, соби за издавање, ресторани и сл. Не ми беше воопшто тешко бидејќи доста лесно го совладував материјалот и уживав додека ја изработував, секако тука имав помош од Ѓоре кога ќе заглавев некаде.

Се гледаме наредна година?

ОБАВЕЗНО!

yellow circle