SkillUp супер херои: Филип од академијата за Web Development!

Во skillup моментално учам JavaScript. Минатата годинa, Web Design. Часевите, професорите, соучениците и целокупната организација на наставата се перфектни. Во skillup сѐ се учи лесно и едноставно. Како поинаку да ви кажам колку е добро и забавно, освен дека едвај чекам да почне часот!

Запознај го Филип, гејмер и студент на skillup академијата за Web Development. Веќе трета година се дружиме со Филип, па го викнавме на цедевита да ни раскаже за неговото искуство во skillup.

Како си?

Супер сум, како и секогаш. Денес доаѓам во skillup на интервју, вечер на предавање. Супер ден за супер расположение.

Кој е Филип?

Јас сум Филип Анѓеловски, имам 15 години, трета година во skillup, a прва година во ССОУ ,,Коле Неделковски,, смер, се знае – ЕКТА.

Што правиш кога не програмираш?

Во слободно време сум гејмер, сакам да изиграм некоја добра игра, но и програмирам, односно вежбам тоа што сме го учеле. Минатата година бев ученик на Web Design академијата, односно Html и CSS, a годинава сум на курсот за JavaScript, или по нашки (програмерски) Web Development. Наредната сигурно на Back End 😀

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Хмм, поминував многу време на компјутер пробувајќи сам да стекнам нови знаења и вештини, и така истражувајки на Facebook ја видов рекламата на skillup. Познававме веќе некој што по завршен курс во skillup веднаш започна да работи како програмер. Немаше време за чекање и дојдов директно кај дечките од skillup, да соберам повеќе информации околу академиите и програмата. Откако сѐ ми објаснија детално решив да се запишам, и не згрешив во одлуката. Прекрасни сте!

И што ќе ни кажеш за академијата?

Во skillup моментално учам JavaScript. Минатата годинa, Web Design. Часевите, професорите, соучениците и целокупната организација на наставата се перфектни.

Во skillup сѐ се учи лесно и едноставно. Како поинаку да ви кажам колку е добро и забавно, освен дека едвај чекам да почне часот. Еве сега летам на курс.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот на минатата година, како завршен проект изработив web страна за Breaking Bad. Не беше воопшто тешко, еден код малку зезаше, ама брзо со менторот го решивме. Беше многу забавно и интересно.

Се гледаме наредна година?

Годинава веќе секако се гледаме, а догодина сигурно на нешто понапредно.

Целта ми е од ученик сега кај вас, во иднина да се гледаме како колеги. skillup, вие сте забавни, интересни, полни со идеи и решенија. Дечки продолжете така! Деца приклучете се, тука нешто важно се случува!

yellow circle