SkillUp супер херои: Леа од академијата за Web Development!

Со секое ново предавање мојата желба за програмирање станува поголема, и благодарение на менторот добивам инспирација и мотивација за повеќе да се надоградувам.

Запознајте ја Леа. Втора година студент во skillup. Леа е љубител на добри филмови и серии, иден програмер, волонтер во Црвен крст, или едноставно кажано вистински супер херој. Црвен крст ни ја отстапија на кратко Леа за да направиме интервју со неа.

Како си?

Одлично!

Која е Леа?

Јас сум Леа Богоевска. Имам 16 години и учам во ССОУ “Коле Неделковски” на смерот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Ја посетувам академијата за програмирање skillup веќе втора година, и во иднина планирам да продолжам професионално да се занимавам со оваа професија.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, активно волонтирам во Црвен крст, сакам да им помагам на луѓето. Исто така сакам да изгледам некој добар филм или серија, можеби да прочитам интересна книга, најчесто романтична, да прошетам во град со пријателите и слично.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата дознав од мој другар кој веќе ја посетуваше. Програмирање учам и на училиште, па затоа и одлучив да се запишам на академија. Можам да кажам дека тоа беше многу добра идеја бидејќи ми ја олесни работата на училиште и уште повеќе добив интерес за програмирање и веб дизајн.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Јас сум втора година на академијата. Првата година учев веб дизајн, односно HTML, CSS и Bootstrap, а оваа година учам веб девелопмент – Јava Script. Иако оваа година можам да кажам дека е малку потешко од минатата, сепак е интересно и секогаш е тука менторот да ми објасни и помогне при секоја пречка. Со секое ново предавање мојата желба за програмирање станува поголема. Ми станува многу поинтересно, и благодарение на менторот добивам инспирација и мотивација за повеќе да се надоградувам. За да не биде толку монотоно и да се забавуваме на академија ни организираат и интересни игри поврзани со програмирањето. Escape room ми беше омилена. Беше одличен начин да се забавуваме, но исто така и добар предизвик да не поттикнат да размислуваме и да видиме до каде сме со учењето. Иако не учествував на Олимписките игри, можам да ви гарантирам дека дека било многу интересно. Одлична забава, дружба, предизвици и интересни игри.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Мојот завршен проект минатата година беше веб страна за слаткарница. Беше многу интересно самостојно да работам на проект, користејќи ги знаењата кои ги стекнав во текот на целата година. Не беше тешко, но кога заглавив на некои делови тука беше мојот ментор да ми помогне. Со негова помош успешно ја завршив мојата задача.

Се гледаме наредна година?

Дефинитивно.

yellow circle