SkillUp супер херои: Тео од академијата за Web Design!

Мене оваа година ми е прва на академијата, и имам само пофални зборови за организацијата и интересниот начин на кој се одвиваат сите предавања. Менторите се феноменални, одговорни и ни посветуваат многу внимание – секогаш се тука да ни објаснат она што не ни е јасно и да ни помогнат кога имаме некаква пречка.

Суперхерој на денот: Тео Гајдов. Прва година дел од skillup на академијата за веб дизајн. Голгетер во ФК Борец Јуниор веќе 5 години, ретко има слободно време, ама кога има ужива да го вози точакот на едно тркало, да прави “полицајски” или да излегува со другарите. Го земавме после утакмица да го прашаме како си мине на академија.

Како си?

Кул.

Кој е Тео?

Јас сум Тео Гајдов и имам 13 години. Учам во ООУ “Кирил и Методиј” и сум 7-мо одделение. Обожавам фудбал, тренирам веќе 5 години, исто така уживам да возам велосипед и да чепкам на компјутерот. Годинава за првпат сум дел од академијата за web design во skillup и можам да кажам дека чувството е фантастично.

Што правиш кога не програмираш?

Па немам нешто многу слободно време, бидејќи како што ви кажав веќе 5 години тренирам фудбал во фудбалската школа Борец јуниор, каде ретко пропуштам тренинг и натпревар и затоа слободното време ми е кратко, но и тоа што го имам го користам да излезам и да се дружам со другарите, да возам велосипед кога дозволуваат временските услови, да играм игри на компјутер, и секако да вежбам HTML и CSS.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Технологијата ме интересира од мал. Пријателка на мајка ми ѝ кажала дека во Велес има академија за програмирање и по краток разговор дома со моите јас одма прифатив да бидам дел од неа.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Мене оваа година ми е прва на академијата, и имам само пофални зборови за организацијата и интересниот начин на кој се одвиваат сите предавања. Менторите се феноменални, одговорни и ни посветуваат многу внимание – секогаш се тука да ни објаснат она што не ни е јасно и да ни помогнат кога имаме некаква пречка. Моментално учам web design (HTML,CSS и Bootstrap). Сега за сега добро ми оди, ќе видиме понатаму 😁
п.с. не е воопшто тешко кога ти е ментор Баже.

Се гледаме наредна година?

Да, секако и би ве препорачал на сите кои сѐ уште не се дел од академијата задолжително да се запишат.

yellow circle