Запознај го Тоше, новиот skillup супер херој. Обожава да гејма и скија, а технологијата му е огромна љубов. Токму оваа љубов го донесе во училниците на skillup. Веќе трета година на академија се дружиме со Тоше, па го викнавме на интервју да видиме што има да ни каже.
Како си?
Феноменално!
Кој е Тоше?
Здраво јас сум Тоше Костадинов, имам 12 години и веќе 3та година сум дел од skillup академија. Првата година учев Scratch, или како да правиме мини игри, приказни и анимации. Ми се виде доста интересно и решив да продолжам да се надоградувам. Втората година учев на академијата за развој на игри Unity. Моментално сум студент на академијата за web design. Покрај програмирањето многу сакам да скијам и да гејмам.
Што правиш кога не програмираш?
Кога не програмирам, сакам да излгегувам со другарите, да гледам филмови, и моето омилено нешто – да играм на плејстеjшнот.
Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?
За академијата слушнав од мајка ми, таа ми предложи да се запишам бидејќи знае дека ме интересира сѐ што е поврзано со технологија и компјутери 😁. За skillup дознала од нејзина пријателка, а потоа и од интернет порталите дека во нашиот град има академија за програмирање, која е вистински избор за нас младите, за нашата иднина и еве ме сега мене тука.
И што ќе ни кажеш за академијата?
За академијата немам забелешки, само убави зборови. Веќе трета година сум дел од skillup, чувството е фантастично. Убаво организирана академија, на доста интересен начин. Менторите се одлични, многу се трудат околу нас. Пред нова година имавме организирано Escape room, каде што за жал ние изгубивме, но морам да кажам дека беше доста интересно и забавно. Моментално учам web design, односно HTML, CSS и Bootstrap, и можам да кажам дека е доста интересно и не е многу тешко.
Се гледаме наредна година?
Сигурно, задоволството е мое и затоа би ве препорачал на сите!!
Други статии:
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици... 16 Oct.
Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!За учењето програмирање ќе каже дека: “Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е... 04 Oct.