Интервју со Бојан – SEO wizard

Здраво Бојан. Кажи ни нешто за тебе.

Јас сум студент на Економски Факултет на смер за маркетинг. Со дигиталниот маркетинг се запознав уште од мојата 16 годишна возраст, кога почнав да експериментирам со сајтови и генерирање трафик преку социјални медиуми. Најголемиот дел од моето знаење го добив преку реални проекти кои сам ги правев преку форуми и онлајн курсеви. Моментално, работам дигитален маркетинг за клиенти преку мојот стартап Dimov Digital.

Кој е Бојан во слободно време?

Во слободно време сакам да читам книги и да ја збогатувам мојата библиотека. Најчесто читам претприемачки книги. Исто така уживам да возам велосипед.

Зошто баш SEO?

Досегашното искуство со креирани повеќе од 300 сајтови, и најразлични комбинации за генерирање на трафик, можам да кажам дека најлесниот е најбрзиот начин е да се дојде преку социјални медиуми како што беше случајот со Трамп каде менаџирав неколку сајтови и социјални медииуми со голем број на следбеници. Можам со сигурност да кажам дека SEO е најдолготрајниот и најефикасниот начин за добивање трафик. Најтежок но најефикасен.

Кој SEO модул ти е омилен

Според мене омилен дел ми е Keyword Research, каде можеме преку најразлична анализа можеме да видиме што купувачите најчесто пребаруваат.

Што го издвојува овој SEO курс од останатите во Македонија?

Единствен курс на кој студентите ќе имаат можност да работат со алатки како Ahrefs, Semrush и MOZ, курс на кој нема да добијат елементарно знаење, туку ќе бидат комплетно обучени.

Што би им препорачал на студентите што сакаат да го посетуваат овој курс?

Да бидат комуникативни, отворени за дискусија, и да запамтат дека SEO е долг процес но најисплатлив.

Курсот за SEO започнува во ноември. Доколку си заинтересиран ти препорачуваме да си резервираш место на време. Можеш да се пријавиш, како и да добиеш повеќе информации околу програмата на овој линк.

yellow circle