Неколку совети за учење од дома

Последните случувања во светот нè натераа да го смениме начинот на кој сме навикнати да живееме. Многу глобални компании од типот на Facebook, Twitter, Google им дозволија на своите вработени да работат од дома, не само во текот на пандемијата, туку постојано. Светот почнуbanner_top pt_0_i пренасочува онлајн. Тој глобален тренд продолжува и со наставата во формалните, како и неформалните училишта и образовни центри. Децата над трето одделение во Македонија задолжително посетуваат онлајн настава.

Кај нас во SkillUp имаме неколку групи кои посетуваат онлајн настава. Неколку пати добивме коментари од студентите дека сакаат да се вратат во училница. Верувајте, сакаме и ние. Нема подобро чувство за еден ментор од тоа да ги види лицата на неговите студенти кога ќе разберат некој концепт или успешно ќе завршат некоја задача.

Меѓутоа моменталната ситуација не ни дозволува.

Наместо тоа, да се потрудиме да извадиме максимум од учењето дома. Во прилог ви прикажуваме некои навики кои им помогнале на нашите студенти да учат подобро од дома.

1. Облечи се како за на училиште

Оваа навика ќе ти помогне да го започнеш денот како претходно, односно ќе те потсетува на твојата нормална дневна рутина. Немој да седиш во пижами, пробај да измениш некои работи кои ќе ти помогнат да останеш фокусиран на предавањата.

2. Креирај посебен простор за учење

Креирај твој простор за учење со тоа што ќе имаш брз пристап до сите работи што ќе ти требаат во текот на предавањата. Тоа ја вклучува и температурата, како и светлината во собата.

3. Организирај го твоето време

Планирај и координирај го твојот ден според задачите кои треба да ги извршиш. Само доколку го добро го менаџираш времето во текот на денот ќе можеш правилно и на време да ги завршиш сите дневни задачи.

4. Постави си цели

Овој совет може да биде вклучен во менаџирањето на твоето време. Како и да е, вредноста на овој совет или навика не треба да биде потценета. Целите се начин на кој ќе останеш мотивиран, така да наш совет е да си креираш листа со цели на дневно ниво.

5. Одбегнувај било какво одвлекување од вниманието

Можеби немаш доволно простор дома, или пак имаш помал брат или сестра кои прават врева во текот на предавањата. Наш совет ти е да измислиш некој сигнал или знак со кој ќе им кажеш на твоите кога можат, а кога не можат да разговараат со тебе.

6. Прави паузи

Редовните кратки паузи можат да ја зголемат твојата продуктивност и фокус за време на предавањата. Направи си кафе или чај, или пак овие кратки паузи можеш да ги исполниш со кратки физички вежби кои се добри за твоето физичко и ментално здравје.

Истиот ден кога ќе почнеш ги применуваш овие совети и практики, ќе приметиш разлика во твојата продуктивност, желба за учење, како и во резултатите.

yellow circle