Бојан Ангелов, студент на full stack академијата, реши своето слободно време да го насочи кон учење на вештина која ќе му помогне во неговите идни планови.
Кој е Бојан?
Ученик во четврта година во Гимназијата “Kочо Рацин” од Велес, оваа година ќе бидам матурант. Покрај секојдневните обврски слободното време го користам како и секој млад човек, да излезам со другари на прошетка и кафе муабет, возам велосипед на off road тури и играм видео игри за релаксирање.
Училишни обврски и плус предавања на академиите, како успеа сето тоа да го изменаџираш?
Желбата да изучувам програмски јазици ми беше голем предизвик и мотивација за да си го насочам својот пат во иднина. Со оглед на ситуацијата во која што се наоѓаме, учењето и посетата на настава online, размислував како да го пополнам останато време во текот на денот. Се одлучив за посета на академијата Skill Up во Велес, со добро испланиран распоред на денот за остварување на сите задачи како училишни така и во академијата. Мотивацијата и предизвикот да стекнам дополнителни знаења кои ќе ми користат во иднина ми беа основни двигатели и водилки во остварување на целите
Како академијата ќе ти помогне во понатамошните планови?
Во насока сум на размислување да го продолжам своето образование на еден од државните факултети за изучување програмски јазици и посетата на академијата, работата и предавањата на менторите, советите, искуствата што ги добив од нивна страна ми се од големо значење. Времето поминато во академијата ми помогна во развивање на креативност при работа на проекти, како да комуницирам со клиенти и правилно да го презентирам она што го сработувам.
Како студент и на двете академии, дали понатаму планираш да се насочиш кон една од областите или како FullStack developer?
Работењето како FullStack developer е навистина многу интересно, се развива креативновста при работа на проекти и логиката во размислувањето односно целата работа на одреден проект станува еден вид уметност нешто да се започне, да се развива и да се заврши. Во иднина планирам да продолжам во таа насока и да се надоградувам.
Back или Front програмирање?
Тоа е најчестото прашање што го добивам со некого кога разговарам околку академијата што ја посетував. Според мене секое е интересно на свој начин, но би го издвоил Front-end development бидејќи тоа што се работи односно кодира е видливо во реален момент.
Кој ти беше најголем предизвик од академијата?
Еден од предизвиците со кој се соочив во академијата ми беше совладувањето на back-end делот. За ова немав претходни предзнаења за разлика од front–end програмирањето за кое што претходно имав посетувано on line курсеви и гледано туторијали. Но можам да кажам сега од оваа гледна точка, кога го завршив тој дел дека беше навистина интересно и мотив плус за понатамошно учење и работа.
Моментално доаѓаш на пракса во TechUp. На каков проект работиш?
Моментално работам на web апликација за delivery, тоа го одбрав инспириран од моменталната ситуација во која што се наоѓаме, а со цел да се намали и избегне гужвата по маркетите. Така јас дојдов на идеа да развијам ваква апликација преку која секој ќе може да нарача намирници кои им се потребни во текот на денот како на пример овошје, зеленчук итн…
Други статии:
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.