Дејан Веселиноски, front-end девелопер и инструктор на нашата академија за Front End програмирање . Ментор е и на академиите за деца. Натурализиран Велешанец, кој пред неколку години го замени тетовското гравче со велешки пастрмајлии 😁.
Кој е Дејан? Кажи ни нешто за тебе и како започна твојата љубов кон веб програмрањето?
Front-end програмер со пасија кон дигиталното цртање. Слободното време го користам за серии и документарци, понекогаш сакам да бидам креативен и тогаш времето го користам за дигитално и рачно цртање кое што ми е хоби од мала возраст. Со програмирање се запознав во средно образование, во тоа време почнав да изучувам веб и графички дизајн, така што се одлучив за оваа професија затоа што донекаде ги спојува моите две омилени работи, кодирање и дизајн.
Како SkillUp ќе им помогне на студентите да научат програмирање и кои вештини е потребно да ги поседуваат?
Како и за сè ново што учиме, така и за програмирање се потребни дисциплина и посветеност, трпеливост да се помине подолго време пред компјутер и желба за решавање на логички проблеми поврзани со програмирањето, како и поставување на цел која што би сакале да ја постигнеме. SkillUp тука може многу да ни помогне пред сè бидејќи ни дава насока и знаење, предавањата се одвиваат во помали групи каде што повеќе време се посветува на секој ученик поединечно и учениците искусуваат како е да се работи на реални проекти. Секако дека покрај тие предавања за програмер е потребно да се посвети повеќе дополнително време затоа што секогаш има нови работи што можеме да ги научиме за да ни ја олеснат работата.
Кај децата, SkillUp нуди ИТ образование за деца над 9 години, и имаме неколку годишна програма. Кога ќе завршиме со децата, тие веќе ќе бидат одлични програмери.
Кој програмски јазик ти е омилен за работа?
TypeScript. Но не сум фан само на веб технологии, така што би работел и други програмски јазици.
Какво ти е досегашното искуство со студентите во SkillUp?
Предавач сум и на академиите за деца. Енергијата што ја носат децата на предавање е најдобрата страна на оваа работа. Имаат неспоредлива љубопитност, нешто што ние како возрасни го губиме. До сега се сретнав со различни типови на млади ученици, некои од нив прв пат се запознаваат со вакви технологии и се во фаза каде што истражуваат дали би сакале во иднина да се занимаваат посериозно со програмирање, но некои од нив покажуваат исклучително напредни вештини од мала возраст. Заедничко за сите е желбата да ги надградат своите знаења. А веќе и родителите се свесни дека програмирањето има огромен потенцијал па малку посериозно пристапуваат кон ваквото неформално образование на нивните деца.
Што најмногу ти се допаѓа во работата како инструктор во SkillUp?
Тоа што гледам многу луѓе што се одлучуваат да ја изучуваат оваа професија, посветуваат многу време во тоа и тука имаме прилика да разменуваме знаење и идеји. Покрај тоа убаво е да се видат различни мотиви и цели поврзани со оваа професија, и секако меѓусебната дружба за време на предавањата.
Што би им препорачал на идните студенти?
Постојано учете и истражувајте, програмирањето е широка област со најразлични примени и истражувањето ни помага да откриеме која област најмногу би не интересирала и на што конкретно би сакале да се посветиме. Сега е период кога заради ситуацијава најголем дел од времето го поминуваме дома и тоа е одлична можност за да го искористиме за да научиме нешто ново.
Други статии:
Андреј е вистинска легенда, а на вистинските легенди не им треба храна и вода, само добро друштво и добра забава. 1.Што ќе им препорачаш на твоите дома? Да ве... 10 Jan.
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори ресторан. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорачаш... 21 Nov.