Запознај го Стеве – алфа и омега на академиите!

Легендата вели дека секој што слушнал за SkillUp, слушнал и за Стеве.

За време на уписите на секој семестар на академијата, многу често го добиваме прашањето: дали Стеве ќе ни биде ментор? Одговорот е секогаш ДА.

Стеве е еден од најзаслужните за постоењето на SkillUp. Ментор е на академиите за Front End и Back End програмирање. Учествуваше во креирањето на програмата, и е главен и одговорен за измени во програмата во согласност со фидбекот што го добива од студентите.

Кој е Стеве?

Програмер, планинар, човек кој сака да патува….

За жал поради ситуацијата во која се наоѓаме последните две работи што ги набројав ми се до некаде скратени па ми останува она првото 😜 .

Шала на страна, периодов покрај тоа што работам како Full Stack девелопер и ментор во SkillUp, се обидувам да го искористам времето поминато дома и самиот да научам нешто ново, и морам да признаам уживам во тоа.

Одмарам со гледање на серии, фудбал и играње табла.

Кога почна да се занимаваш со програмирање и како се одлучи за оваа професија?

Програмирањето го сакам уште од средно образование. Имав можност да изучувам неколку програмски јазици и уште тогаш ми беше многу интересно. Пред да завршам факултет се вработив на работно место кое немаше допирни точки со програмирањето, беше повеќе хардвер ориентирано, па немав многу можност да се посветам на тоа.

Кога решив да пробам да работам како програмер ми требаше доста време да се вратам во колосек и да се потсетам на се што имав учено во средно и факултет, поминав добри 1-2 години во учење, гледање видеа и кодирање. За среќа почнав да работам на неколку помали проекти како фриленс програмер, и тога беше моментот кога се одлучив за оваа професија.

Кој програмски јазик ти е омилен за работа?

C#, првиот програмски јазик кој го научив.

Дали е потребно претходно искуство за да започнеш кариера како Frontend или Backend програмер?

Би рекол да, но не искуство од претходно вработување, туку искуство стекнато со работа на реални проекти (нешто што ние во SkillUp се обидуваме да им го овозможиме на нашите студенти). Реалноста е таква што ако вие како програмери почетници се вработите во одредена компанија тоа искуство ќе ви значи многу, но сепак ќе морате да поминете одреден период во кој ќе треба да се прилагодите на начинот на работа во таа компанија и проектите на кои би работеле. Но она што останува константно е програмерската логика и наоѓањето на решенија за проблемите, кои се стекнуваат само со работа и повторување. И нормално Google-ањето 😜

Како SkillUp ќе им помогне на студентите да научат програмирање? Кои вештини е потребно да ги поседуваат?

Прво и според мене најважно е она што го спомнав погоре, а тоа е работа на реални проекти. Ние се обидуваме при креирањето на програмата да вклучиме проекти кои би имале реална примена, во кои студентите би ги користеле истите технологии и алатки кои би ги користеле понатаму кога би работеле како програмер. Со тоа верувам дека значително се олеснува преминот од учење во работа.

Од вештините или особините кои студентите е потребно да ги поседуваат би ги издвоил упорноста и посветеноста. Како и за секоја друга вештина, така и за програмирањето “тренингот” е најважен. Колку и да читате и да слушате предавања, ако не се посветите доволно на практичниот дел, ако не работите постојано и ако не сте упорни не можете да успеете.

Што најмногу ти се допаѓа во работата како инструктор во SkillUp?

Најмногу ми се допаѓа тоа што работам со многу различни типови на студенти, студенти со различни видувања и различни очекувања од академиите. Тоа ми помага најреално да си ја оценам работата, дали успевам на сите (или барем на поголемиот дел од нив) подеднакво да им го пренесам знаењето.

Во нашите групи има студенти кои сеуште учат, студираат, студенти со најразлични професии и возрасти, и на крај сите тие имаат една иста цел – да станат програмери. Наша цел е сите нив да ги доближиме колку може поблиску до остварувањето на таа цел. Тоа е она што ја прави оваа работа убава и ме мотивира да ја работам истата.

Какво ти е досегашното искуство со студентите во SkillUp?

Како што кажав, работам со многу различни типови на студенти и имам многу различни искуства. Она што е заедничко за сите е тоа што оние кои се константи со учењето и посветуваат време надвор од академиите да работат на она што го учиме, успеваат во тоа што си го имаат зацртано на почетокот, без исклучок.

Имам примери за студенти кои се неверојатни таленти и целата теорија ја разбираат многу полесно од останатите, но не посветуваат доволно време на практична работа и константно учење. На тие студенти им е многу потешко да успеат.

Што би им препорачал на идните студенти?

Не е тешко да научите да програмирате, само бидете упорни и вложете се целосно во она што сакате да го постигнете.

Момeнталната ситуација во која се наоѓаме ни ги скратува можностите за шетање, поминуваме многу време дома, па искористете го тоа време максимално да научите нешто ново, нешто што ќе ви помогне да се надоградите себеси, без разлика дали е тоа програмирање или некоја друга вештина. Сега е идеално време за тоа.

yellow circle