Прашај ги студентите: Зошто се одлучи за програмирање?

Без разлика дали сакате да ја смените кариерата или едноставно го гледате како хоби, програмирањето со сигурност ќе ви отвори широк спектар на придобивки. За да ви помогнеме да одлучите дали тоа е соодветно за вас, се обративме до нашите студенти и ги прашавме зошто се одлучиле да научат програмирање.

1. Петар Тутунџиев

Човек никогаш не смее да си дозволи да запре со учењето. Колку повеќе учи толку повеќе се надоградува. Одлуката да се запишам на академија за програмирање беше многу едноставна бидејќи програмирањето отсекогаш ме интересирало и ми претставувало интересен предизвик. Дополнително самото учење да програмирам драстично ми ја олеснува моменталната работа бидејќи ќе ми овозможи “поглед“ на како функционираат позадински работите.

2. Бобан Митревски

Пред се, се одлучив да научам програмирање за да ја променам досегашната кариера, од секогаш ме интересирал IT светот како функционира.
Ми се допаѓа тоа што секојдневно учиш нови работи и никогаш не е досадно, одлично е тоа што можеш да напредуваш во кариерата побрзо од било која друга работа.

3. Олгица Михајловска

Јас сум несуден менаџер по осигурување кој повеќе од 11 години работи продажба во телеком индустријата. После толку долг период почувствував дека имам потреба да излезам од комфор зоната, при што подолго време истражував во областа на веб програмирање. Зошто баш програмирање, бидејќи светот во кој живееме денес во најголем дел се придвижува во овој правец и нуди огромна можност за постојано надоградување и напредок. SkillUp академијата беше мојот избор за изучување на Frontend програмирање. Изборот падна на Frontend затоа што нуди многу простор за креативност, логика и решавање проблеми. Успешните приказни од претходните академии дефинитивно беа дополнителна мотивација за мене.

4. Кристијан Стојковски

Се одлучив да научам да програмирам затоа што мислам дека се пронаоѓам во овој свет 🙂. Исто така сакам и предизвици и се надевам дека ќе успеам во мојата цел.

5. Сандра Илиевска

Како ученик во средното училиште Коле Неделковски по информатика, сметав дека е време да го зголемам и проширам своето знаење во оваа област бидејќи програмирањето отсекогаш ме интересираше и секогаш замислував за тоа како е во програмерскиот свет и сакав подлабоко да навлезам во тој свет. И секако добра припрема за факултет.

6. Александар Јосифовски

Сакам да сум креативен, да дизајнирам и да имам слобода во работата. Решавање на проблеми, перфекција и организација се мои одлики. Желбата да програмирам конечно ми се оствари, а во Skill Up и академијата за Front End која ми го овозможува тоа – вистински се пронајдов.

7. Јордан Мартиновски

Отсекогаш имав одбивност кон програмирањето поради претходно лошо искуство на факултет. Сега сакам со добар курс и инструктор да си докажам себеси дека можам да научам да програмирам. П.С. А и добра плата не е на одмет. 😄

8. Тони Неделковски

Најискрено, отсекогаш имав желба да видам дали ќе можам да го работам ова, ама секогаш некој или нешто ми ги поматуваше сметките. Конечно со закаснување од 20 години си ја исполнив желбата.

Академијата започнува во Февруари. Резервирај си место тука 👉 Академија за Front End програмирање

yellow circle