Вистинската Приказна Зад Учењето Програмирање

Неколку практични причини зошто програмирањето не може да се научи со 3-месечен курс за програмирање

Student-Coding

Во ерата на онлајн курсеви и академии за програмирање, лесно е да се помисли дека помеѓу совладување на програмерската материја и станување успешен програмер стои еден успешно завршен 3 месечен курс за програмирање. Но нашата долгогодишна пракса покажува дека запишувањето на 3 месечен курс за програмирање нема да ве направи инстант програмер
Во овој блог ви споделуваме неколку практични причини зошто програмирањето не може да се научи за толку кратко време, и како skillup го отвора патот до вистинскиот потенцијал на вашето дете!

Од почетник до експерт: Зошто 3 месеци не се доволни за учење програмирање?

Замислете си дека се обидувате да станете готвач со следење на рецепти од книга за три месеци – веројатно ќе научите да приготвувате неколку добри јадења, но дали навистина ќе станете врвен готвач? Веројатно не. 

Учењето на програмирање не се однесува само на меморирање на неколку правила за синтакса или изградба на еднаставна апликација или веб страна. Се работи за разбирање на логиката, решавањето на проблеми и креативноста што стои зад секој ред на код. Кога станува збор за децата, тајната во совладување на програмирањето лежи во длабоко разбирање на дигиталниот свет околу нив, кое бара повеќе од 3 месеци.

skillup – Каде потенцијалот на вашето дете не познава граници

Во skillup разбираме колку е важно да им дадеме на децата време за вистински да го сфатат концептот на програмирањето и да развијат трајна врска со светот на програмирањето. Нашата мисија не е само да ги научиме децата да програмираат. Тука ги поместуваме границите на класичната настава преку потхранување на креативното размислување и ги учиме децата како да пристапуваат до проблемите од различни агли, креирајќи иновативни решенија и развивајки широк спектар на животни вештини, кои ќе им помогнат да станат успешни во што и да изберат да прават.

И еве зошто учењето на програмирање бара повеќе од 3 месеци: 

1. Градење на основа

Во светот на програмирањето, јаката основа е од суштинско значење и затоа во skillup секогаш почнуваме од нула. Нашите 8-месечени курсеви им овозможува на децата да се нурнат длабоко во основите на програмерските науки, подготвувајќи ги за долготраен успех. 

2. Комплетен развој на вештини 

Програмирањето не се состои само од знаење како да напишете код. Тоа е главната филозофија на skillup. Нашето 8-месечно патување во светот на програмирањето им овозможува на децата да имаат доволно време да истражуваат различни аспекти на програмирањето, охрабрувајќи ги притоа да научат и како правилно да размислуваат и да ја програмираат иднина на свој начин.

3. Учење преку вежби и забава

Нашите 8-месечни курсеви се базирани на совршен спој на забава и едукација. Го преобликуваат начинот на кој децата учат, овозможувајќи им да ги применат стекнатите знаења во реални сценарија. Ова не само што го засилува нивното знаење, туку и ги поттикнува нивните креативни и критички размислувања.

4. Персонализирано учење 

Секое дете е уникатно и во skillup е во ред да се биде различен. Нашите ментори се посветени на обезбедување на потребното внимание за секој студент. Овој прилагоден пристап го подготвува вашето дете за успех и ја подигнува неговата самодоверба и мотивација.

5. Искуство со проекти во реални услови

Како екипа на ИТ ентузијасти, постојано сме опкружени со проекти од реалниот свет.
Тоа им дава шанса на нашите студенти активно да партиципираат во реални сценарија и да го обезбедат потребното искуство за да се истакнат во техничката индустрија.

Ни Рим не бил изграден во еден ден, затоа лаптопите под рака и

Ај на програмирање!

yellow circle