Што е JavaScript?

JavaScript е програмски јазик кои се користи за создавање на динамична содржина на веб-страницата т.е се што се движи и менува на вашиот екран без да бара вие да ја refresh-нете страната.

Подобар начин да разберете што прави JavaScript е да размислите за одредени веб функции што ги користите секојдневно. На пример Facebook автоматски се ажурира и постојано ни прикажува новости колку и да вртиме на страната, или пак Google ни предлага зборови за пребарување врз основа на само неколку напишани букви. И во двата случаи тоа е дело на JavaScript.

Работи кои можеме да ги направиме со JavaScript се:

  • 1. Фото слајдери

See the Pen Parallax Photo Carousel by Tom Miller (@creativeocean) on CodePen.

2. Автоматски сугестии за зборови

3. Интерактивни форми

See the Pen autoComplete.js by Tarek Raafat (@tarekraafat) on CodePen.

See the Pen Calm breeze login screen by Lewi Hussey (@Lewitje) on CodePen.

4. Анимирани графици

See the Pen Pie Chart with Animated Description Box (Fully Responsive) by Mike @ Titan Global Tech (@b1tn3r) on CodePen.

JavaScript овозможува автоматизација на процеси кои инаку корисниците би тебало да ги прават самите, чекор по чекор. JavaScript и кажува на веб апликацијата да направи нешто – им кажува на сликите да се анимираат или да се се прикажат како slideshow, или да покаже автоматски сугестии за зборови – и кажува на апликацијата дека кога корисникот ќе кликне на копчето, нешто треба да се случи.

Резултатите од JavaScript може изгледаат едноставно но има причина зошто се изучува цел сегмент на овој програмски јазик во нашата Front-end академија. Под сите тие анимации и автоматски комплетирања се случуваат некои прилично фасцинантни работи.

Најпопуларни јазици за 2021година, на прво место е JavaScript

За што се користи ЈаваСкрипт?

  1. Додавање интерактивност на веб страниците – ако сакате веб страницата да биде повеќе од статична страница со текст, треба да додадете JavaScript
  2. Мобилни Апликации – JavaScript не е само за веб-страници, се користи и за апликации што ги користиш на твојот мобилен и таблет. Исто така и за создавање на игри во веб прелистувачот. Дали некогаш сте играле игри на веб? JavaScript веројатно има помогнато за да се случи тоа.
  3. Back-end Development – да, JavaScript најчесто се користи во Фронт програмирањето, но тој е разноврсен јазик за скрипти што му овозможува да се применува и во Бекенд програмирањто.

Моќта на HTML, CSS и JavaScript

Кога започнуваш да учиш програмирање, првите работи кои треба да ги научиш се основните веб структури односно HTML и CSS. Откако ќе ги совладаш добро, следната фаза за изучување е JavaScript и нејзините можности. Трите елементи заедно го формираат ‘рбетот на веб програмирањето.

  1. HTML е одговорен за структурата на страната – текст, поглавја, слики што сакаме да ги прикажеме
  2. CSS контролира како ќе изгледа страната – бои, фонтови, позадина итн.
  3. JavaScript или волшебникот на страната. Од кога ќе ја креираме структурата (HTML) и естетиката(CSS), JavaScript ја дава динамичноста на страната.

JavaScript е одличен јазик за учење, затоа што ви овозможува да го користите во многу различни полиња, од програмирање до развој на веб. Затоа, повелете на некои од нашите академии, ќе ви помогнеме да го совладате она што е познато како „ванила“ или обичен JavaScript и да справите со покомплицираните frameworks и библиотеки за да ве направат конкурентен програмер.

И да не заборавиме, нешто што на сите ќе ви се допадне од JavaScript е тоа што можете да правите и игри. Да игри изградени само од Html, Css и JavaScript.

yellow circle