SkillUp супер херои: Мила од академијата за Web Design!

На часовите е многу забавно, бидејќи на интересен начин ги учиме новите работи. Исто така беше доста интересно на Escape Room каде што се разбира мојата група победи 😁. Продолжете како и до сега, затоа што сте најдобри!

Запознај ја Мила. Мила одлучи да стане програмер и за таа цел секако ги одбра најдобрите skillup. Мила обожава прошетки во природна и дружби со нејзините другари во слободно време,(малку е и спанка 😴). Ја викнавме Мила на цедевита да ни раскаже како си поминува на академија.

Како си?

Супер.

Која е Мила?

Јас сум Мила Анчевски, имам 13 години ученичка во осмо одделение во ООУ “Св. Кирил и Методиј”. Годинава сум за првпат дел од skillup на академијата за веб дизајн. Во иднина сакам бидам одличен програмер.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам обожавам да слушам музика, да шетам во природа и да поминувам време со другарите и другарките. Ќе заборавев, исто така сакам и да спијам 😁

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата дознав преку мојот вујко, кој беше ваш бивш студент на академијата за возрасни и беше многу задоволен. Повеќе за програмата се информирав преку вашата фејсбук страна и преку вашата веб страна, ми се виде интересно и се запишав. Можам да кажам дека не згрешив што постапив така.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Академијата е супер! Како што реков ова ми е прва година во skillup и сум презадоволна. Оваа година учиме HTML и CSS, односно веб дизајн или како да изработуваме и како да разубавуваме веб страни. Моментално учиме CSS и можам да кажам дека е потешко од почетокот, но тука е нашиот наставник да ни го поедноставни материјалот. На почетокот мислев дека ќе ми биде досадно и тешко, но за среќа не бев во право сега со душа чекам да дојде секој следен час, и би ве препорачала на сите! На часовите е многу забавно, бидејќи на интересен начин ги учиме новите работи. Исто така беше доста интересно на Escape Room каде што се разбира мојата група победи :D. Продолжете како и до сега, затоа што сте најдобри!

Се гледаме наредна година?

Со задоволство ќе бидам дел и наредна година од skillup.

yellow circle