Деца кои го менуваат светот на програмирањето

Денес програмирањето станува основна вештина. Покрај огромната побарувачка за програмери низ целиот свет, има многу занемарени придобивки од учењето како да се програмира. Програмирањето учи на упорност, структурирано и креативно размислување и игра витална улога во нашето секојдневие. Да ги разбираш основите на програмирање ќе ти помогне во било која карира.

Постојат безброј ресурси за да им се помогне на луѓето од сите возрасти веднаш да започнат со програмирање. Ако вашите деца сакаат да скокнат во светот на програмирање или ако сакате да им ја покажете моќта на програмирањето, во моментов има многу начини да го направите тоа. Учењето на основна вештина како програмирање има низа придобивки за малите умови. Некои од најголемите предизвици сега и во блиска иднина ќе бидат решени со неколку редови код.

Денес ќе истражиме некои од најмладите талентирани програмери низ целиот свет. Мали генијалци кои прават големи промени во светот на програмирањето.

Tanmay Bakshi, не само што е развивач на софтвер, туку е и автор, говорник, YouTube-ер и најмладиот развивач на IBM Watson во светот. Младиот талент ја започнува својата програмерска кариера на петгодишна возраст, додека на осумгодишна возраст ја дизајнира својата прва апликација. Моментално работи во Google како експерт за Machine Learning.

Arham Om Talsania, најмладиот компјутерски програмер во светот, и од неодамна Гинисов рекордер. Шестгодишното момче кое во моментов е зафатено со градење на сопствени видео игри, стана Гинисов рекордер на свои 6-години откако го заврши испитот за Python, спроведен од страна на Microsoft. Уште пред да наполни три години тој веќе знаел да ги користи сите видови оперативни системи. Додека на возраст од пет години, тој веќе ги познавал сите стандардни апликативни програми што децата обично ги учат на 10г, како што е Scratch.

Avi Schiffmann го создаде еден од најпопуларните светски центри за информации што ги следи COVID-19 случаите низ целиот свет. Тој е еден од најдобрите бесплатни извори на информации и податоци, и создаде страници што следат и обезбедуваат информации за протестите на #BlackLivesMatter во САД и претседателските избори во 2020 година.

Isabel Sieh имала само 10 години кога започнала да учи како да програмира. Откако ја открила нејзината страст за програмирање, таа ја започнала својата компанија наречена Girls Will Code, верувајќи дека е полесно да се научи кога сте дел од заедница. Тие исто така ги охрабрува училиштата да спроведат програмирање како активност после училиште.

yellow circle