SkillUp супер херои: Вања од академијата за Web Design!

Многу сум среќна бидејќи станав дел од skillup, на часовите си поминувам супер и секој час учам нешто ново. Оваа година ми е прва во skillup и учам како да изработувам статички веб страни или на програмерски јазик web design, односно HTML и CSS.

Ова е Вања, новиот skillup супер херој! Вања има малку набиена агенда, секое слободно време го користи да вежба програмирање, се релаксира со шетање во природа, играње одбојка и секако добра музика. Сепак успеавме да ја договориме за интервју. Вања ајде да видиме што имаш да ни кажеш за skillup.

Како си?

Одличноооо!

Која е Вања?

Јас сум Вања Крстовска, имам 12 години и учам во ООУ ,,Васил Главинов”. Ова ми е прва година во skillup и сум дел од академијата за web design.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, а тоа се случува ретко бидејќи освен на академија вежбам и дома, обожавам да играм одбојка со моите другарки, исто така да слушам музика и да шетам во природа.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата првенствено слушнав од моите роднини, кои веќе одат на академијата скоро 3 години. Тие многу ја пофалија академијата и така кај мене се роди желбата да станам програмер, токму затоа се запишав и станав дел од оваа академија. Многу сум среќна бидејќи станав дел од skillup, на часовите си поминувам супер и секој час учам нешто ново.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата можам да кажам само убави зборови. Оваа година ми е прва година во skillup оваа година јас учам како да изработувам статички веб страни или на програмерски јазик web design, односно HTML и CSS. Имаше организирано и Escape Room настан, каде што си поминав многу забавно. Тогаш ние студентите имавме задача од нашите ментори да ја завршиме што побрзо за да видат дали сме го совладале матријалот што досега сме го учеле. За жал јас и мојата група не победивме, но сепак бевме многу среќни бидејќи беше многу интересно и возбудливо.

Се гледаме наредна година?

Секако дека се гледаме наредна година!

yellow circle