SkillUp супер херои: Ива од академијата за Web Design!

Живееме во време кога без познавање на најмалку еден светски јазик и без познавање на основни програмски вештини не сме рамноправни ни дома во нашата држава а уште помалку надвор. Бидејќи одлично говорам и пишувам англиски јазик се одлучив да дојдам во најдобрата академија која ќе ми овозможи натамошен напредок.

Запознајте ја Ива. Студент на web design и роден шампион (има освоено по неколку награди на општинско, регионално и на државно ниво). Моментално работи неуморно на домашен проект по автоматика, па ја викнавме на интервју да ни раскаже повеќе за нејзе.

Како си?

Се чуствувам возбудено и гордо, имам позитивна трема за мене ова е посебен ден.

Која е Ива?

Ива е сѐ уште дете кое сака да напредува и да вложува во себе, дете со освоени неколку награди на државни, регионални и општински натпревари од областа на образованието, дете што во периодов напорно тренира за европскиот натпревар во Шпанија под менторство на наставничката Веселинка Маџарова и работи активно на еден домашен проект по автоматика каде ќе дојдат до израз дел од моите стекнати вештини на Академијата.

Што правиш кога не програмираш?

Се дружам со другарките, шетаме, пешачиме, споделуваме убави и радосни моменти, се поддржуваме и охрабруваме меѓусебно.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Живееме во време кога без познавање на најмалку еден светски јазик и без познавање на основни програмски вештини не сме рамноправни ни дома во нашата држава а уште помалку надвор. Бидејќи одлично говорам и пишувам англиски јазик се одлучив да дојдам во најдобрата академија која ќе ми овозможи натамошен напредок.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Воодушевена сум како со леснотија учиме големи работи и полека навлегуваме во полето на програмирањето. Одличните услови за работа, како и знаењето и вештините на нашите ментори ни даваат силна волја и желба за секој нареден час. Skillup академијата ги надмина моите очекувања, пресреќна сум што цела група искрено се пронајдовме и што уживаме за време на часовите. Исто така имаше организирано Escape Room во кој учествував и јас каде што требаше да покажеме дел од нашите стекнати програмерски вештини. Тимот во кој што бев и јас на еден интересен и забавен начин успеавме да освоиме победа.

Се гледаме наредна година?

Да се гледаме и наредната и понаредната… побројни и посилни.

yellow circle