Суперхерој на денот: Петар Неделковски
Прв дан на академијата за веб дизајн.
Сенсеи Петар веќе неколку години тренира карате во КК “Гладијатор” (ни ги покажа сите кати). Во слободно време ужива да игра фудбал на маало со другарите, крижи-мижи или игра видео игри. Како си мине на академијата?
Петар! Хаџиме!
1.Како си?
Врв!
2. Кој е Петар?
Јас сум Петар Неделковски, имам 12 години и сум ученик во ООУ “Блаже Конески” Велес. Тренирам карате веќе неколку години, а годинава сум за прв пат дел од академијата за веб дизајн во академијата за програмирање skillup.
3.Што правиш кога не програмираш?
Кога не програмирам одам на тренинзи во карате клубот “Гладијатор” , излегувам на маало со моите другари и врсници играме разни игри: фудбал, крижи-мижи… исто така и обожавам да играм видео игри на компјутерот.
4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?
Татко ми е “крив” 🙂 за skillup слушнав од него, кој 2 години пред јас да се запишам беше ваш студент на академијата за возрасни, многу ве пофали и така решив и јас да се запишам. Моите ме поддржаа во идејата и еве сум сега тука.
5.И што ќе ни кажеш за академијата?
Се најдобро! Оваа година учам HTML и CSS. Многу е интересно на предавањата, учиме како да програмираме статички веб страни и можам да кажам дека воопшто не е тешко, бидејќи наставникот на доста лесен начин ни ги објаснува работите. Пред нова година имаше организирано и Escape room, каде што со мојата група дадовме се од себе да победиме на време, но противничката група победи за 2-3 парчиња пред нас. BTW видеото со jigsaw беше навистина застрашувачко. 😀
6.Се гледаме наредна година?
Со задоволство!
Други статии:
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици... 16 Oct.
Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!За учењето програмирање ќе каже дека: “Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е... 04 Oct.