SkillUp супер херои: Ивана од академијата за Web Design!

Добрите зборови за академијата брзо се шират низ Велес. Сретнував безброј реклами за skillup, па одлучив дека е најсоодветно да се запишам на академијата и да ги проширам своите знаења и во оваа област.

Суперхерој на денот: Ивана Милошева
Прва година на академијата за веб дизајн.
Обожава да чита книги и да учи! Каде има натпревар, таму е и Ивана – и секогаш се враќа со највисоки достигнувања. Капа доле Ивана, чест ни е што имаме студент како тебе!

1.Како си?

Одлично.

2. Која е Ивана?

Јас сум Ивана Милошева, 15 години. Ученичка во деветто одделение во ООУ „Васил Главинов“ Велес. Ентузијастка за природни науки и јазик, а од годинава и за програмирање. За најзабавно нешто на светот го гледам учењето и можноста да се прошират знаењата во повеќе области.

Откако почнав на училиште одам на натпревари, и од секој од нив се враќам со највисоки достигнувања. Лани успеав да се пласирам во резервниот тим за 19. Меѓународна олимпијада по природни науки и неколку месеци посетував предавања на професори на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

3.Што правиш кога не програмираш?

Неуморно се подготвувам за натпревари по биологија, хемија, англиски јазик и географија. Слободното време го посветувам на стекнување нови знаења во разни области. Обожавам да читам книги и да учам. Глумам во аматерски претстави организирани по повод патрониот празник на училиштето.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Добрите зборови за академијата брзо се шират низ Велес. Сретнував безброј реклами за skillup, па одлучив дека е најсоодветно да се запишам на академијата и да ги проширам своите знаења и во оваа област.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Ова ми е прва година во skillup. Учам на академијата Web Design (HTML, CSS & Bootstrap). Отсекогаш сум сакала да знам како се прават нештата, како дошле во тој облик што се сега, како да се променат некои работи за нив. Одговорот на овие прашања за изгледот на веб страните го добив токму тука, во skillup. За мене лично ништо не претставува потешкотија. Учењето на академијата ми претставува задоволство. Очекував дека ќе ми биде интересно, но дружбата на академијата ми ги надмина очекувањата. Секако дека ми е најзабавно. Каде има учење, таму сум и јас. Учиме со леснотија. Escape room беше навистина супер. Преубаво си поминав, за жал не можев да стасам на Олимписките Игри поради натпревар по англиски јазик, но се надевам дека ќе можам да учествувам на следните.

6.Се гледаме наредна година?

You bet!

yellow circle