SkillUp супер херои: Катерина од академијата за Web Design!

За skillup дознав преку мојот брат Иван, кој веќе 2 години оди на академијата. Дома го гледав како програмира и така се роди интересот за програмирање и кај мене. Еден ден ме зема и мене во skillup да видам како е и така се запишав.

Суперхерој на денот: Катерина Гушева. Прваче во skillup на академијата за веб дизајн, ама веќе 10 години извидник. Кога не програмира или врзува чворови во ИО, Катерина ужива да “скита” со другарките и да слуша добра музика. Ја пречекавме со извиднички поздрав, цедевита и ја прашавме неколку прашања околу нејзиното искуство со нас.

Како си?

Супер, исто како кога сум во SkillUp!

Која е Катерина?

Јас сум Катерина Гушева, учам во основното училиште Васил Главинов, имам 14 години, годинава сум полуматурантка. Извидник сум од кога знам за себе. Оваа година сум за прв пат дел од skillup на академијата за Web Design.

Што правиш кога не програмираш?

Во слободното време кога не програмирам, сакам да излегувам со моите другарки, да слушам многу музика, да одам на активности со извидници и да учам.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За skillup дознав преку мојот брат Иван, кој веќе 2 години оди на академијата. Дома го гледав како програмира и така се роди интересот за програмирање и кај мене. Еден ден ме зема и мене во skillup да видам како е и така се запишав. 😊 Оваа година сум запишана на академија за Web Design, каде што учам HTML и CSS, односно како се изработуваат статички веб страни. Досега не ми е тешко поради тоа што мојот ментор Влатче е тука секогаш да ни помогне за тоа што не ни е јасно. На почетокот мислев дека ќе ми биде досадно, но откако седнав на клупата во нашата училница никогаш не ми било досадно, напротив едвај чекам да дојде следното предавање 😊.

Како си помина на Escape Room?

Мноооогу забавно, но сепак не стасавме на време со мојата група да ја решиме загатката. 🙁

Се гледаме наредна година?

Многу нормално.

yellow circle