SkillUp супер херои: Љубе од академијата за Web Design!

За академијата можам да кажам само едно големо БРАВО за целиот тим на skillup. Ова ми е прва година и учам HTML и CSS. Начинот на пренесување на програмата од страна на менторот навистина ми се допаѓа и верувам дека истото мислење го делат и моите соученици од мојата група. На интересен и забавен начин менторите не подготвуваат за понатамошни програмери.

Запознај го Љубе, талентиран музичар (свири флејта и гитара), волонтер во Црвен крст, љубител на фолклорот, гејмер, учи неколку странски јазици, а оваа година си загарантира и уште една титула, skillup супер херој. Го викнавме Љубе од Web design на интревју.

Како си?

Супер, исто како кога сум во SkillUp!

Кој е Љубе?

Здраво јас сум Љубе Лазов, имам 12години, ученик во 7 одделение при ООУ„Блаже Конески“. Оваа година за прв пат сум дел од академијата за Web Design.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, покрај училишните обврски, ме интересира музиката и во ООМУ„Стефан Гајдов“ сум последна година на флејта, а напоредно изучувам да свирам на гитара. Исто така сум голем љубител на фолклорот, па затоа сум и член во ФА „Вила Зора“, веќе 7 години. Изучувам странски јазици, а сум и волонтер во „Црвен Крст ОО Велес“, а секако не пропуштам да свртам и добра игра на компјутерот.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За Вашата академија дознав минатата година од социјалните мрежи, а потоа и од мајка ми. Кога почнавме подетално да се распрашуваме сфатив дека тоа е нешто добро за мене, нешто што ме интересира и привлекува, но бидејќи академската година беше започната не можев во тој момент да се вклучам и со нетрпение очекував да започнат уписите за академската 2022/23 година.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата можам да кажам само едно големо БРАВО за целиот тим на skillup. Ова ми е прва година и учам HTML и CSS. Начинот на пренесување на програмата од страна на менторот навистина ми се допаѓа и верувам дека истото мислење го делат и моите соученици од мојата група. На интересен и забавен начин менторите не подготвуваат за понатамошни програмери. Пред нова година имаше организирано Escape Room, на кој од оправдани причини не можев да присуствувам. Во разговор со соучениците разбрав дека било многу интересно и возбудливо.

Се гледаме наредна година?

Јас со сигурност, а би ве препорачал и на други! Поздрав до целиот тим на skillup, бидете успешни како и до сега!

yellow circle