Што има ново


Денот секогаш се обидувам да го потполнам со што е можно повеќе активности, голем дел од него поминува главно во учење. Слободното време најчесто го поминувам во читање на книги, уживам во гледањето на филмови и обожавам да патувам.

прочитај повеќе

За академијата дознав од мое другарче пред 1 година во декември, веднаш се заинтересирав и сакав да се запишам, но местата беа пополнети и немаше место. Затоа кога дојде време и кога почнаа уписите за следната година, ни се јавија од академијата и не известија дека можам да се запишам во skillup. Tој ден бев пресреќен 🥳🥳🥳!!!

прочитај повеќе

Оваа година учам HTML и CSS. Многу е интересно на предавањата, учиме како да програмираме статички веб страни и можам да кажам дека воопшто не е тешко, бидејќи наставникот на доста лесен начин ни ги објаснува работите.

прочитај повеќе

Живееме во време кога без познавање на најмалку еден светски јазик и без познавање на основни програмски вештини не сме рамноправни ни дома во нашата држава а уште помалку надвор. Бидејќи одлично говорам и пишувам англиски јазик се одлучив да дојдам во најдобрата академија која ќе ми овозможи натамошен напредок.

прочитај повеќе

Многу сум среќна бидејќи станав дел од skillup, на часовите си поминувам супер и секој час учам нешто ново. Оваа година ми е прва во skillup и учам како да изработувам статички веб страни или на програмерски јазик web design, односно HTML и CSS.

прочитај повеќе

На часовите е многу забавно, бидејќи на интересен начин ги учиме новите работи. Исто така беше доста интересно на Escape Room каде што се разбира мојата група победи 😁. Продолжете како и до сега, затоа што сте најдобри!

прочитај повеќе

За skillup дознав преку мојот брат Иван, кој веќе 2 години оди на академијата. Дома го гледав како програмира и така се роди интересот за програмирање и кај мене. Еден ден ме зема и мене во skillup да видам како е и така се запишав.

прочитај повеќе

За академијата можам да кажам само едно големо БРАВО за целиот тим на skillup. Ова ми е прва година и учам HTML и CSS. Начинот на пренесување на програмата од страна на менторот навистина ми се допаѓа и верувам дека истото мислење го делат и моите соученици од мојата група. На интересен и забавен начин менторите не подготвуваат за понатамошни програмери.

прочитај повеќе
yellow circle