Со самото завршување на првиот модул од академијата за Front End програмирање студентите имаа задача да изработат портфолио со сето тоа што го научија. Едно од највпечатливите беше на Вики. Во прилог погледнете која е Вики и како се одвиваше изработката на нејзиниот проект.
Која е Вики? Претстави ни се во една реченица.
Несуден политиколог со бурна имагинација кој на 28 години реши дека никогаш не е доцна да се избере поразличен пат од претходно осмислениот.
Ти си студент на Full Stack академијата, кој дел те влече повеќе?
Дефинитивно Front-end development , една од причините е потребната креативност и креативен пристап кон решавање на проблемите. Јас Front-end development го доживувам како нешто реално, нешто опипливо и видливо, додека Back-end development е апстрактно ориентиран. Исто голем допринос има и фактот што делот со Back-end програмирање го следев online, додека кај Front-end добив шанса во живо да ја следам наставата и да се запознаам и со колегите и со предавачите и благодарение на тоа посветив повеќе внимание на Front-end.
За завршниот проект по HTML-CSS беше потребно да изработите портфолио, твоето беше избрано за најдобро па може ли да ни кажеш како се одвиваа фазите на изработка?
Не би можела конкретно во фази да го поделам искуството што го имав со креирање на проектот но првично се осврнав кон истражување на Интернет за како би изгледало такво нешто. Стеве исто така ни понуди повеќе матрици за проектот, кои требаше да ни послужат како инспирација за да успееме да креираме целосен проект – портфолио. Убавото е што живееме во ера на информации, каде што се е достапно на интернет, буквално се и имајќи го тоа во предвид јас исто се послужив со online туторијали. Секако не стануваше збор за copy/paste на код туку гледајќи туѓ код успеав да знам каде точно истиот да го имплементирам во овој проект.
Не очекував воопшто дека мојот ќе биде избран како најдобар и затоа делумно го изработив во ‘комичен’ стил, потоа следеше фаза на доработка, задача која ми претставуваше задоволство.
Кој дел ти беше најтежок од изработката?
Bootstrap, најмалку внимание посветив на Bootstrap и иако првично проектот требаше да биде направен со имплементација и на Bootstrap, jас одлучив целосно да го изоставам од проектот.
Кој програмски јазик ти се допаѓа најмногу?
Моето искуство со програмски јазици е ограничено, сега за сега контакт сум имала само со два C# и JavaScript, така да ако треба да изберам би одела со JavaScript само затоа што повеќе време и внимание посветив на Front-end development.
Зошто се одлучи за Full-stack академијата?
Ако човек вложи доволно време, волја и внимание на нешто, во случајов програмирање, ќе сфати дека поседува знаење за да оствари кариера во поле кое е многу флексибилно, доста барано и реално лукративно. Тие беа моите иницијални убедувања зошто се запишав на Full-Stack академијата. Исто така бев охрабрена од своето познавање на англискиот јазик затоа што сметав дека би го совладала материјалот полесно благодарение на англискиот. Кризата со Корона ме остави без работа, претходно работев во Германија како пекар 3-5 месеци годишно и сфатив дека е време да превземам контрола, да не дозволам времето поминато во оваа криза да помине залудно и да се надградам со знаење.
Други статии:
Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни. 1.Што ќе им препорача... 03 Jan.
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.