Диме: Целиме SkillUp да биде место каде што ќе се создаваат големи умови уште од мала возраст

Диме е ко-основач на SkillUp академијата. Исто така е и повеќекратен шампион во пикадо во канцеларија (според него – непотврдени информации, и ептен сомнителни). Седнавме на кафе пред канцеларија за да си направиме муабет за плановите во SkillUp академијата, посебно академијата за деца и средношколци.

Диме, каква е ситуацијата во SkillUp?

Во делот за возрасните веќе стабилно стоиме на нозе. Ја доведовме програмата таму каде што сакавме, научивме кои делови бараат поголемо внимание и од наша страна и од страна на студентите. Сега сме во процес каде што менуваме ситни детали за да станеме уште подобри.

Овој семестар сакаме голем акцент да ставиме на академиите за деца. До сега ни беше супер. Имавме супер дечки, мини програмери. Поради ситуацијата со COVID вирусот предавањата беа онлајн, но се надеваме дека од септември ќе можеме и со нив да се вратиме во училница.

Зошто програмирање за деца?

Затоа што целиме SkillUp да биде место каде што ќе се создаваат големи умови уште од мала возраст. Програмирањето не е само кариера, туку и корисна алатка за било кој аспект од животот. Зошто децата би учеле програмирање?

Какви програми ќе има овој семестар?

Работиме на тоа да ја прошириме програмата. Добивме доста позитивни коментари и од родителите, но уште поважно и од децатата, кои прашуваат каква програма има за следниот семестар. Наша цел е да ги земеме децата од 9-10 годишна возраст, и да си ги носиме со нас до 18 години. А кога ќе завршиме со нив, да бидат во првите редови во ИТ индустријата.

Ги поделивме академиите во две групи – една за основци и една за средношколци. Од септември имаме неколку академии:

Што е следно?

Започнавме со уписи за новите академии што почнуваат во септември. Организираме отворени денови каде што сите заинтересирани можат да дојдат и да се информираат за нашите програми. Отворивме и комуникација со основните и средните училишта за да ги презентираме академиите пред учениците, но и да овозможиме пракса преку летниот период. И секако, собираме фидбек од сегашните студенти за да дознаеме каде да се подобриме.

yellow circle