Андреј, злато од дете, кога го викнавме на кафе и интервју веднаш го запали моторот и дојде. Само му фалат патики со лепенки за да не касни.
1.Што ќе им препорачаш на твоите дома?
Јас на моите дома би им препорачал да ми даваат повеќе да се возам со моторот
<!– Да бе па да се разболеш и да не идеш на академија–>
2. Кај се гледаш себе си за 10 години?
На кафе со другарите и сега и за 10 години од сега
<!–амбициозно–>
3.Ако се вратиш назад во времето, што ќе му кажеш на помалиот ти?
Да биде поодлучен за да биде поуспешен во иднина
<!–Да бидеш поодлучен какво кафе ќе пиеш со другарите?–>
4.Ако ти дадеме 1 милион за бизнис, каков бизнис ќе направиш?
Ќе си ги вложам парите во бизнис со злато
<!–Море ти си злато!–>
5.Што е најголемата глупост што ја имаш направено?
Имам истурено кафе врз лаптопот…Упс
<!– Програмерски живот што очекуваш–>
6. Заглавуваш на пуст остров, можеш да бираш еден другар и еден предмет?
Би го викнал првиот другар што ќе се согласи на оваа идеја (иако никој не е авантурист) и би земал еден лаптоп за да не ги заборавам кодовите од JavaScript
<!–Вода мајсторе. Вода!–>
7.Кој ти е прв изгов кога касниш на час?
Професоре си ги врзував врвките
<!– A да им препорачаш на твоите да ти купат со лепенки???–>
8. Ако твојот ментор беше некој карактер од цртан филм кој ќе беше?
-Pink Panther
<!–Некој ќе лета од чаас!–>
9. Која песна би ја слушал до крајот на животот додека програмираш/дизајнираш?
Ритамот на ужичко коло
10.Ако можеш да живееш во било кој филм кој ќе беше тоа?
Karate kid
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.