Терминот SQL означува “Structured Query Language”. Овој програмски јазик се користи за пристап и пребарување на податоци од релациони бази.
Можеби ова ти звучи многу технички но не е така. Структурата на SQL е релативно едноставна. Еве еден пример:
SELECT Firstname, Lastname FROM Clients WHERE city = 'Veles';
Барањето погоре е прилично дирекно и едноставно. Веруваме и дека веќе разбра што треба да се направи, дури и без да го знаеш јазикот.
Ако претпостави дека требаше да се добие името и презимето на секој клиент од Велес, во право си. Како што можеш да видиш SQL е прилично лесен за разбирање, дури и за почетници.
Кои се релациони бази на податоци?
Релациона база на податоци се користи за скадирање на структурни податоци. Овие податоци се чуваат во табели. Ако си запознаен со excel, можеби ќе најдеш некои сличности.
Секоја табела има колони и редови. Секоја колона има специфично именувана вредност и секој ред содржи запис. На пример табела со контакти ќе има колони како “ContactName”, “Email”,”PhoneNumber” и “ID”.
Релациониот дел значи дека една табела може да е во релација со друга табела. Ако имаш табела за клиенти би требало да имаш и табела за нарачки. Со додавање на колона за индетификација на клиент во табелата за нарачки, можеш да ги поврзеш записите за нарачки со евиденција на клиентите.
Релационите бази на податоци ти даваат можност да ги структурираш податоците како што сакаш, а SQL ти овозможува да пристапиш до тие податоци, и да ги обработуваш.
Како работи SQL?
Замисли дека поседуваш страница за онлајн нарачки и ги чуваш податоците во релациони бази. Во твојата база на податоци ќе имаш три табели: Clients, Orders и OrderItem. Користејки го SQL можеш да извлечеш соодветни податоци од секоја табела.
Да речеме дека сакаш да го видиш презимето на сите клиенти во Скопје. Во тој случај ке напишеме:
SELECT LastName from Clients WHERE city = 'Skopje';
Ова ќе ти даде податоци од една табела, што е корисно, но не го покажува целиот спектар на можности на SQL. Што доколку сакаш да ги добиеш сите порачки од клиентите во Скопје?
Твоето барање би изгледало вака:
SELECT * FROM Clients
JOIN Orders
ON orders.userID = usersID
WHERE city = 'Skopje';
Повторно синтаксата речиси се чита како природен јазик. Ѕвездичката означува дека ја селектираме секоја колона, со што ова барање ќе ти ги даде сите потребни податоци.
SQL исто така има моќни функции како COUNT() и SUM() кои прават пресметка на податоците.
Ова е само дел од работите што можеш да ги изработиш со SQL, доколку ова ти звучеше интересно и сакаш да научиш SQL уписите за back-end академијата се во тек.
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.