SkillUp супер херои: Михаела од академијата за Web Design!

Оваа година учам web design, односно како да направиме веб страни. Морам да признаам дека оваа година е потешко од лани, но не е премногу тешко. Сѐ се учи ако се сака :) . Преинтересно е, затоа што кога почнуваш имаш само бел екран, а на крајот добиваш цела веб страна.

Суперхерој на денот: Михаела Андреева од web design.
Втора година студент во skillup.
Освен програмер Михаела кога ќе порасне сака да биде и професионален шминкер, па често на часевите место торбата со лаптоп ја носи торбата со шминки. Ужива да мине време со семејството и да игра одбојка со другарките.
Михаела, остај креонот и ај на интервју!

1.Како си?

Супееееер!

2. Која е Михаела?

Јас сум Михаела Андреева. Ученичка во 4то одделение при ООУ ”Васил Главинов”. Тренирам одбојка веќе 3 години. Слободното време сакам да го минам со моите другарки, со нив возам велосипед, ролери, а највеќе играме одбојка. Хоби ми е шминкањето, мнооооогу сакам да шминкам. Кога ќе пораснам, освен програмер сакам да бидам и професионална шминкерка.

3.Што правиш кога не програмираш?

Како што кажав тоа малку слободно време што го имам, откако ќе научам што имам за учење и ќе го напишам домашното сакам да го поминам со моите другарки, а исто така и со семејството. Со нив се забавувам, истражувам, радувам и смеам.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За фантастичните skillup слушнав од брат ми Габриел. Он беше веќе запишан бидејќи беше доволно голем, а јас бев сѐ уште мала за да се запишам. Тогаш наставата се следеше онлајн и често го гледав иако не разбирав ништо :).

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Оваа година ми е втора на академијата. Лани учев Scratch, таму научив како се прават анимации, приказни и игри. Оваа година учам web design, односно како да направиме веб страни. Морам да признаам дека оваа година е потешко од лани, но не е премногу тешко. Сѐ се учи ако се сака 🙂 . Преинтересно е, затоа што кога почнуваш имаш само бел екран, а на крајот добиваш цела веб страна. Најинтересен час ми беше кога имаше Escape Room. Преубаво си поминав! На Олимписките Игри не можев да присуствувам, но од другите разбрав дека било прејако!

6.Се гледаме наредна година?

Со задоволство ќе продолжам до крај, така што секако се гледаме !

yellow circle